Един: Ситуацијата не ми добра, не знам уште колку ќе сум жив, морам децата да ги изведам на прав пат

  • By klaster2
  • март 17, 2022
  • 0
  • 636 Views

Един Хајдаревиќ и неговотo  семејство немаат не волја што не ги одминала во животот, чиниш се удолу им оди и не можат да кренат глава од проблеми.

Бо леста ги навјасала сите членови на семејството па така и тој и сопругата но и трите мали ангелчиња се со дијагнози и секојдневна неизвесност.

Поради метаста зирање на ра кот, Един моментално не може да се грижи за своите деца колку што сака тој и да им го овозможи најдоброто.

Синот е дете со посебни потреби, и му треба посебна грижа, поради што сопругата на Един не може да ги остави и да работи.

Од приходите имаат само додаток за синот, кој не е доволен за покривање на трошоците за кирија и комуналии, а камоли за лекови и други потреби.

– Се обидувам од петни жили да им овозможам подобро утро на моите деца, но оваа ,,лошотија во мене” не ми дозволува, толку ми е силата.

– Кога бев здрав работев како коњ, одев сегде и работев сешто. Сакам да обезбедам подобро утро на моите деца, вели тој за Помози.ба

– Но јас си велам ќе биде подобро секој ден. Искрено ситуацијата ми е многу лоша, не знам уште колку ке сум жив, морам децата да ги извадам на прав пат.

Гледајќи во каква ситуација живеат, пријателите од здружение Помози.ба донираа една крава и три кози на ова семејство.

А добија и машина за молзење за да произведат млеко и сирење, малку од малку да си го подобрат животот, а да имаат нешто и за продавање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.