Инфектологот Вело Марковски иако долги години важи за еден од врвните стручњаци во својата област уште од времето на некогашна Југославија на македонската јавност и стана познат по своите забележителни и настапи во медиумите, особено на ТВ, со своите излагања, видувања, стручни анализи, препораки по појавата на вирусот.
Имено, Вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.
Убавата Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.
Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.
Евгенија на 01 јануари 2021 година во 10 часот на свет донесе здраво девојче. Ова е второ дете на семејството Маркоски.
Понежната половина на Вело Марковски е доста актуелна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде што често споделува фотографии.
Така беше случај и денес кога објави фотографија како со својата рака ги држи рачињата на синот и ќерката и напиша:
-Мојата работа не е од 9 до 5 часот. Мојата работа е од кога ќе ги отворам очите додека ги затворам очите.Мајки, еден ден пак ќе спиеме,
Еден ден пак ќе ни биде средено по дома и ќе нема играчки насекаде, еден ден пак ќе имаме слободно време за себе. Децата брзо растат. Ништо не е тешко ако се прави со љубов.