Никола Пановски смета дека кога ќе се наполнат болниците веќе е доцна за мерки.
Тој не се согласува со ставот на Комисијата за заразни болести која вчера не препорача ништо за да се ублажи ширењето на вирусот и покрај зголемениот број на заразени и хоспитализирани, особено што и понатаму во земјава имаме доста висока смтност.
-Кога имате висока смтност од неразјаснети се уште причини, најефикасно е да спречите нови случаи, тоа е релативно лесна мерка која требаше да ја донесат вчера, бидејќи пикот кога ќе се достигне самата болест стивнува, да се носат маски треба во затворено.
Мене како професор ми е непријатно што после една година држам он лајн часови, а во исто време работат ноќните клубови, каде истите деца ќе одат во клубови, а нема да посетуваат настава со физичко присуство, тоа е нон сенс, изјави за Сител професорот по микробиологија Никола Пановски.
Професорот Пановски е категоричен дека политичарите треба да бидат пример за носење маски во затворено иако се вакцинирани.
Како новоизбран советник во Градот Скопје вели дека ќе направи се што може за да се иницираат мерки за заштита од Ковид на локално ниво посебно да се зголеми контролата во јавниот превоз како потенцијално жа риште и да се вклучат повеќе автобуси барем во ударните термини.
-Се што може ќе препорачам, контролата мора да се зајакне особено во јавното сообраќајно претпријатие со редарски служби, камери.
Дури и при самото одржување на седниците јавно ќе настапам ако се случува она што се случи за време на изборите со прославите и она што се случи во Ист Гејт, јавно ќе реагирам ќе викнам медиуми, категоричен е професорот Пановски.
Инаку речиси цела Европа и регионот ги засилуваат мерките по најавата за новиот 5 бран на Ковид. Некои држави меѓу кои Холандија и Словенија, и покрај високиот процент на вакцинација, регистрираат по 10 пати повеќе новозаразени дневно, а имаат сличен број поч инати како кај нас и ги враќаат мерките.
Македонската комисија за заразни болести вчера одлучи да видат дали во европските држави рестрикциите ќе дадат резултат, па ќе препорачаат мерки.
Целата сторија со видео прилог може да ја погледнете на ТВ Сител.