Нови 1.422 случаи од корона вирусот се регистрирани изминатото деноноќие во земјава, од направени 4.277 тестирања, што е 33,2%.
Министерството за здравство попладнево соопшти дека битката со корона вирусот ја загубиле 33 пациенти од кои најмладиот е на 38-годишна возраст.
Дванаесет почи нати пациенти се од Скопје (83г, 82г, 81г, 75г, 74г, 72г, 70г, 70г, 69г, 62г, 43г, 38г), по тројца поч инати има од Тетово (69г, 60г, 41г) и Кавадарци (78г, 77г, 71г), по двајца од Битола (83г, 65г), Прилеп (73г, 68г) и Ресен (75г, 66г) и по едно почин ато лице е пријавено од Куманово (62г), Гостивар (57г), Охрид (64г), Струмица (72г), Струга (76г), Крива Паланка (85г), Валандово (79г), Крушево (53г) и Кратово (76г).
Најголем број нови случаи на заболени има во Скопје (618), по што следуваат Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26,
Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12 и Пробиштип – 10. Во Дебар, Берово и Свети Николе се регистрирани по 9 нови случаи, во Крива Паланка и Радовиш по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2 и Дојран – 1.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, а на поч инати е 3.607. Активни се 17.472 лица. Досега се направени 607.956 тестирања.
Во Македонија се уште не е започната вакцинација на населението.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека првите вакцини од „АстраЗенека“ треба да пристигнат во недела и од наредната недела официјално да стартува имунизација на населението.
Голем број од македонските граѓани заминуваат да се вакцинираат во Србија, уредна потврда. Викендов вакцинацијата ќе се изврши во просториите на Белградскиот саем.
И покрај сите бројки очигледно некои навики, пред се кај младите не се менуваат. Викенд е а локалите се полни.
Матичниот лекар Ненад Лазаров како и секогш без влакна на јазикот го кажа она што го мисли. Вечерва тој преку својот профил на фејсбук сподели фотографија и напиша:
Кај Силбо. Племе. Срам да ви е на сите!