Д-р. Ненад Лазаров откри дали ќе биде на изборна партиска листа

  • By admin
  • април 28, 2021
  • 0
  • 1374 Views

Матичниот доктор Ненад Лазаров е доста активен за време на пандемијата со вирусот. Прво преку 3Д акцијата за заштитни визири, а сега и со акцијата за донација на витами.

Според д-р Ненад Лазаров опуштањето на рестрикциите во овој момент е многу нелогично, а тоја оваа изјава ја даде за Алфа ТВ..

“Мислам дека е нонсенс во деновите каде што очекуваме пик на масовни собирања да нема полициски час.Еве пластично преку пример, сите што сме растеле во Скопје традиционално околу соборен храм се собираат за Велгиден.

И традиционално има некој алко хол со луѓето бидејќи досте голем број од нив постеле подолго време и што ќе се случи по полноќ кога ќе биде главната ситуација. Како планира оваа држава да ги прибере тие луѓе после полноќ, кога нема полициски час и има масовно алкох олизирање.Така што нема шанси ова прекинување на полицискиот час да не продуцира нови случаи.” – вели д-р Ненад Лазаров и додава:

“Мислам дека требаше да се продолжи полицискиот час, а да се отворат угостителки објекти. Ние очекуваме половина Скопје и пола Македонија во Охрид да заминат.

Како градот со тие ресурси со кои што располага ќе успее да воспостави ред и поредок да нема масовни собирања не ми е јасно, и пак ќе кажам ако има капацитет градот од десет илјади 45 луѓе очекуваме да има.

Го видовме истото сценарио лани летото, и многу е симтоматично цело време се зборува дека имаме препораки од Комисијата за заразни болести а секогаш мерките што ќе ги донесе комисијата министерот ги кажува или ден или часови однапред.”

Тој денес се огласи и на својот профил на фејсбук каде напиша:

Овде лекар смее да коментира дневна политика само ако е партиски функционер или партиски активист.Другите не смееме, па ангажирате ботови да напаѓаат по интернет, чудо некое.

Нема потреба,сигурно имате побитни за хендлање и поголеми пожари за гасење.Земете и право на глас одземете ни на слободоумните и готово.

Што имав да кажам кажав во повеќе наврати, еве даље нека ви коментираат партиските лекари, термин кој не смее да постои воопшто.

Како и до сега, на било каква изборна партиска листа ниту сум бил ниту ќе бидам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.