Д-р. Даниловски кој досега предвиде со голема точност со нова најава: Не очекува уште еден бран во август

  • By admin
  • јули 25, 2021
  • 0
  • 18943 Views

Четири пациенти со делта сојот се хоспитализирани на инфективната клиника во Скопје, во текот на изминатава недела, дознава тв24 од извори на клиниката.

Потврдените случаи не се меѓусебно поврзани, а од клиниката велат дека се спроведени сите епидемиолошки анкети и мерки за изолација на контактите.

Двајца од пациентите се од Скопје, еден од Кичево и еден од истокот на земјава. Двајца од хоспитализираните се на ворзраст од 40 години, а другите двајца се над 70 години.

Еден од хоспитализраните бил возач кој се вратил од Германија, но останатите не патувале надвор од земјава. Според информациите, пациентите не биле вакцинирани против ковид.

Од министерството за здравство ја потврдија информацијата дека четири пациенти со делта сојот се на инфективната клиника. Дополнително се чекаат резултати за уште една пациентка на возраст над 60 години.

Светските искуства покажуваат дека новиот делта сој на вирусот се шири кај невакцинираното население во светот, поради што се повикува на масовна вакциниција.

Професорот Драган Даниловски, еден од најистакнатите епидемиолози во Македонија во разговор за Канал 5 изјави дека веќе се наговестува нов бран на заразени.

Тој очекува дека тој пораст ќе оди пострмно. Вели дека има раст во одредени општини, но за да остане тоа ширење локално, треба сите контакти да се утврдат. Објснува дека клиничката слика која ја носи делта сојот е потешка од онаа на алфа сојот.

За рестрикциите кои се најавуваат за невакцинираните, вели дека јавното здравје е пред се. Додава дека во ризик ќе бидат оние кои не се вакцинирани.

„Бранот на некој начин веќе се наговестува дека почнува затоа што 14 днеевната инциденца на 100.000 веќе е 13 иако се уште сме во зелен зона претпоставуам дека во средината на август ќе бидема над 20 и ќе преминеме во онаа зона на ри зици“, изјави Даниловски за Канал 5 ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.