Д-р Горан Кунгуловски објасни зошто треба да се вакцинираме со Астра Зенека

  • By admin
  • март 25, 2021
  • 0
  • 1534 Views

Горан Кунгуловски ги има завршено докторските и пост-докторските студии на Универзитетот во Штутгарт, под менторство на проф. Алберт Јелтш, работејќи на развој на нови алатки за мапирање на хроматин, епигеномно уредување со протеини со цинк прсти и CRISPR / Cas9 .

Тој во моментов е главен директор за технологија на „Био Инженеринг“ ДОО и ко-основач и главен истражувач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

Покрај тоа, тој е и ко-основач на „Нуклин“ ДОО , a работи како советник за здравствени услуги, биотехнологија и компании за медицински софтвер.

Дали да се вакцинираме со вакцината на Astra Zeneca? ДА.

Вакцината на Astra Zeneca е базирана на аденовирусен вектор од шимпанзо којшто го носи генот што кодира за spike протеинот на SARS-CoV-2 и со тоа го намамува имуниот систем да формира одговор. Овој имун одговор понатаму треба да штити од тешки форми на КОВИД-19. Вакцината тоа го прави со ефикасност меѓу 70-80%.

Но дали покрај тоа што штити од КОВИД-19 води до њуз појави како зголемен ризик за формирање на тромбови?

Во извештајот на Европската агенција за лекови стои дека од вакцинирани 11 милиони луѓе, 469 имале тромбоемболичен настан. Тоа е стотици пати помалку отколку што се очекува на 11 милиони луѓе во општата популација.

Значи застапеноста на тромбоза е помала кај вакцинирани луѓе со вакцината на Astra Zeneca отколку кај невакцинирани. ЗНАЧИ ВАКЦИНАТА НЕ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ЗА ТРОМБОЕМБОЛИЈА.

Но од 20 милиони вакцинирани кај 7 имало ретки тромбови на повеќе крвни садови (disseminated intravascular coagulation – DIC) и кај 18 имало ретки тромбови во кр вните садови коишто носат к в надвор од мозокот (cerebral venous sinus thrombosis – CVST) и тоа најчесто кај помлади од 55 години и најчесто кај жени.

Toa e за неколку пати повеќе отколку што е очекувано во општата популација. Дали појавата на овие ретки тромбови е директно предизвикана од вакцината или поради зголемен скрининг и детекција после вакцинирање останува да се утврди.

Значи во најцрно сценарио ризикот за DIC е 7 во 20 000 000, a ризикот за CVST e 18 oд 20 000 000. Ризикот за см рт од КОВИД е во просек e 100 000-200 000 oд 20 000 000.

Или со бројки веројатноста за см рт од КОВИД при зараза со SARS-CoV-2 е 5000-10000 поголема отколку веројатноста за редок тромб при вакцинирање против КОВИД-19.

ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА НА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА И СМ РТ СИЛНО ГО НАДМИНУВА ЕКСТРЕМНО НИСКИОТ РИЗИК ЗА РАЗВИВАЊЕ НА DIC или CVST.Вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.