Д-р Бојан Трајковски: После ова како бе да не си гневен на државата

  • By admin
  • август 26, 2021
  • 0
  • 6888 Views

Бројките на нови случаи со вирусот во Македонија од ден на ден растат, а со тоа и бројот на упокоени лица.

Во исто време Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 9.123 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.303 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.207.515 дози вакцини, а ревакцинирани се 511.989 граѓани.

Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 69% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Матичниот доктор Бојан Трајковски кој често знае да биде активен на социјалните мрежи утрово повторно се огласи со статус со кој сведочи за еден пациент во кој вели:

Како бе да не си гневен на државава?

Лице со телесен инвалидитет кое не може само да си аплицира терапија за која претходно има добиено регуларен специјалистички извештај поради позитивизираност е одбиено и од ИМП и државна домашна посета за да му се даде терапијата!

Се работи за буквално 3 минути работа каде нема никаква опас ност!

Ќе одиме, ќе ја даваме терапијата, ќе ја завршиме вашата работа со надеж дека некад некој ќе поднесе одговорност во прок летиево од држаава!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.