Ако во системот за електронски увид во избирачкиот список на Бугарија се внесе матичниот број на бугарската лична карта за која СДСМ тврди дека е на Данела Арсовска, се добива резултат дека таа личност е регистран гласач на претстојните претседателски и парламентарни избори во Бугарија, на 14 ноември.
Лицето од личната карта може да го оствари правото на глас во СУ „Никола Вапцаров“ во Петрич, во округот Благоевград.
Податоците од избирачкиот список покажуваат дека дел од информациите на личната карта што ја објави СДСМ се неспорно точни и проверливи.
Прво, дека во Бугарија навистина постои државјанка Даниела Арсовска, дека е жена, дека има адреса во Петрич и дека според матичниот број, таа е родена на 20 декември 1979 година.
Направивме проверка и на самата лична карта, преку системот на бугарското МВ Р, и добивме информација дека документот е валиден
Даниела Арсовска, жената од бугарската лична карта што денеска ја презентираше СДСМ тврдејќи дека тоа е Данела Арсовска, кандидатката за скопска градоначалничка, има право на глас во Петрич, каде што е жителка.
Ова пр едизвика доста полемика во јавноста и крена голема прашина, па деновиве е актуелна тема.
Познатиот македонски доктор, Нико Беќаровски се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:
Јавно ги повикувам сите политичари, пратеници, советници, градоначалници, министри, функционери, директори, универзитетски професори и академици кои имаат бугарско државјанство ЈАВНО да го објават за да и помогнат на Македонија во својот европски пат.
Кога ќе види Европа на колку високи позиции во Македонија има Б’лгари, ќе падне во вода бугарското тврдење дека во Македонија Б’лгарите се об есправени и мал третирани.
Почитувани, барем еднаш направете нешто добро за државата, каде го вадите својот леб.