Др. Дарија не е оптимис: Мора да научиме да живееме со овој вирус

  • By admin
  • март 21, 2021
  • 0
  • 1039 Views

Речиси сите кои се пријавија за вакцинација во Србија, веќе се вакцинирани. Но три четвртини од полнолетното население во земјата се нема пријавено за корона-вакцини. Според експертите дезинформациите го земаат данокот.

„Ова е апсурдно“, вели епидемиологот Зоран Радовановиќ за ДВ. „Ние сме единствена земја во светот во која понудата на вакцини е поголема од побарувачката“.

Додека во светските медиуми одекнува мешавина од чудење и воодушевување од брзиот почеток на вакцинацијата во Србија, податоците објавени деновиве го отвораат прашањето дали наскоро корона вакцините од кинеско, руско и западно производство ќе се трупаат во српските магацини?

Имено во Србија над еден милион луѓе имаат примено барем по една доза вакцина, додека на листа на чекање се уште двесте илјади граѓани. Тоа значи дека од 5,5 милиони полнолетни граѓани само една четвртина се пријавиле за имунизација.

„Како Бога ве молам пријавете се да примите вакцина. Имаме и ќе имаме уште вакцини, како Бога ве молам пријавете се“, апелираше претседателот Александар Вучиќ минатата недела, најавувајќи дека и тој наскоро ќе прими вакцина.

Според официјалните претставници Србија веќе набавила или нарачала околу петнаесет милиони дози што е безмалку доволно населението по два пати да прими по две дози.

Но, сега се чини е невозможна мисија да се најдат доволно луѓе подготвени да ја примат вакцината.
Проценките на експертите ширум светот се дека за да се постигне колективен имунитет потребно е да биде вакцинирано од 65% до 85% од населението.

Министерката за труд и социјална политика на Србија, која лани ја имаше една од главните улоги во борбата против коронавирусот Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ изјави дека вирусот уште долго ќе биде присутен, и дека засега не се гледа крајот на негово исчезнување.

„Физичка дистанца, носење маски, кој е одговорен, така се однесува веќе една година. Мислите дека после нашите реченици некои кој не се однесувал така, сега ќе почне така да се однесува?“, прашува Кисиќ-Тепавчевиќ.

Како што таа наведува, ова трае повеќе од една година, но не се гледа крајот во смисла на исчезнување на вирусот. Сепак, вели таа, дека единствено е само држење на контрола на вирусот.

„Факт е дека мораме да научиме да живееме со овој вирус“, заклучи таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.