Драгутин Игњатовиќ Гути од Модрича со денови го заменува работното одело во костум на Дедо Мраз – неуморен затоа што планирал и собирал пари за да им подели 500 пакетчиња на деца чии родители се со пониска финансиска состојба.
Во текот на годината на некои деца им ветил дека ќе им дојде Дедо Мраз, а ги запознал кога им донел пакети со помош на нивните семејства во Модрича, Шамац, Добој, Оџак, Вукосавље, Дервента, Србац, па дури и Градачац.
– Активно се занимавам со хуманитарна работа од 2018 година, а тоа го работам најмногу поради децата кои живеат во семејства со ниски приходи – изјави Драгутин за алоонлине.ба
Оваа година тој направи Фејсбук група „Еден за друг – Модрича и околината“ а првата независна поголема акција што ја организираше беше собирањето пари за опер ацијата на малата Сара Максимовиќ.
– Ја започнав акцијата со надеж дека ќе соберам од 300 до 500 КМ – 150-250 евра) за да им помогнам на родителите на Сара, но тоа се случи неочекувано! Собрав 28.000 КМ (повеќе од 14.000 евра).
– Луѓето ми веруваат, затоа што ја запишував секоја марка. Се сликам и јавно ги објавувам, а парите ги давам на оној за кого се наменети – вели Драгутин и додава дека тоа му е омилена акција бидејќи Сара била успешно опе рирана.
– Луѓето преку мене донираа многу користен мебел и обезбедивме повеќе од 20 семејства, главно жени кои ја напуштаат безбедната куќа и се вселуваат во празен стан.
Овој неуморен човек покренал акција и за петчленото семејство Обрадовиќ од Врањак кај Модрича, но тогаш се огласил премиерот Радован Вишковиќ, на чија иницијатива Владата на РС издвоила пари од граѓаните на РС за да ја купи оваа куќа.
– Во куќата на Обрадовиќ се инвестирани уште најмалку 18.000 КМ (околу 10.000 евра) во материјали, столарија, мебел и бесплатна работа на луѓето.
– Отидов во таа куќа најмалку 150 пати за да ги исчистам грмушките кои растеа, да опремам, па дури и да се распр авам со работниците кои не сакаа да работат а јас ги обединив – рече Драгутин,
Додавајќи дека куќата е речиси во центарот на село, децата се блиску до училиштето, а најдобро од се е што е купена од самохрана мајка на која и помогнале на овој начин.
– Сето тоа го правам од благодарност кон Бога што моите деца се здрави и затоа што сум среќен кога некого ќе направам среќен.
– За мене е подобро да поминувам време помагајќи им на другите отколку да седам во кафеана. Секој ден некој ми се јавува и бараат помош, па не можам да се откажам и помагам колку можам.