Додека во семејната куќа на Драган Јованов од Штип немало никој, екипи од ЕВН го промениле боилото на саатот.
Кога се вратил од работа Јованов забележал дека му е поставено старо броило, на кое е запишано друго име и презиме, и на кое веќе има потрошена електрична енергија.
Дополнително на ова, не добил никакво известување дека броилото треба и дека ќе се промени.
Пред камерите на М-Нет телевизија вели дека со поставеното страо броило можеби утре ќе треба да плаќа сметки од потрошена електирчна енергија од некој друг.
„Броилото е променето без наше присуство, ставено е страо броило од кое има на ефтината струја околу пет илјади киловати извртено, на скапата четири и нешто.
Броило се менува со присуство на газдите на куќата, јас мислам или да ти дадат документ од броилото со кое почнува со киловатите. Нема ништо од тоа.
Струја напон 130 волти паѓа на напонот, имам стабилизатор 10 киловатен и пак не задоволува. Сите апарати се со помош на стабилизаторот, и фрижидер, и телевизор и компјутер, сѐ. Јавив се во ЕВН, од таму велат дека било регуларно променето. Име и презиме пишува на друг човек. “ – вели Јованов.
Тој бара од ЕВН повторно да дојат на неговата домашна адреса и да се стави нови броило во негово присуство.
„Од ЕВН да дојдат да си стават ново броило, како што треба со присуство од нас овде, да направат записник на на која тарифа е било кога е променето броилото, да не испадне после да платеме сметки што не треба.
За месец февруари ми дојде сметка 12 илјади денари и секој месец од четири до пет илјади денари“ – додаде Јованов за М-Нет телевизија.
Согласно Законот за енергетика при промена на броило Електродистрибуција нема обврска да го извести корисникот. Согласно Законот за енергетика сите броила треба да бидат променети од страна на Електродистрибуција.
Секој кој ќе се посомнева во исправноста на броилото може да побара атест со поднесување писмено барање во Кориснички Енерго Центар (КЕЦ). Услугата се наплаќа согласно постоечкиот ценовник.
По направена уплата и приложен доказ за истото се пристапува кон реализирање на побараната услуга. Доколку се утврди дека броилото не е исправно, уплатените средства се враќаат на корисникот.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на М-Нет телевизија.