Постојат големи разлики помеѓу начинот на живот во село и во град, но тешко е да се каже кој од нив е подобар. Живеењето во град честопати значи и повисока плата, повеќе можности.
Сепак, во денешно време овие работи постепено стануваат достапни и во селата. Оние кои живеат во град најчесто купуваат од супермаркетите во нивна близина, а за да јадат свеж зеленчук треба да станат рано и да отидат на пазар.
Сепак, ситуацијата е поинаква доколку живеете во село, бидејќи овде луѓето најчесто сами си го одгледуваат зеленчукот и знаат дека во секое време е свеж и здрав.
И покрај предностите кои ги нудат селата, малку млади луѓе одлучуваат да останат да живеат и работат на село затоа што земјоделството како професија не ги привлекува, а е навистина тешко и одговорно за работа.
Но, се уште постојат млади надежни луѓе кои и учат но и се трудат да помагаат и со желба да работат на нива. А нема ништо поубаво од тоа да го гледаш детето како го работи тоа што го сака.
Животот на село со себе носи различни задачи со кои децата се среќаваат уште од раното детство. Токму така Драгана Иветиќ од Торк почнала да вози трактор на поле кога имала седум години.
Како што растела, таа се повеќе била заинтересирана и привлечена да ги поминува така деновите и да учи други земјдоелски работи секој ден, не само да вози, пишува Житиште онлајн.
– Се грижам секогаш да помагам затоа што тоа го сакам, а секоја година во сезоната му помагам на тато и на соседите на терен – вели Драгана. Таа наведува дека уште како мала сакала да вози трактор.
-Како дете од три-четири години едвај чекав да го возам тракторот, не ми беше важно дали возењето ќе трае две, пет, десет минути или еден час, важно беше да возам.
Претежно ја работам целата работа на нивите во торачко, но има неколку ниви во Итебејско. Повеќето девојки се интересираат за кукли, барбики, шминка..
Уште од мала сакав автомобили, трактори, камиони и секогаш сонував како еден ден ќе пробам да возам сè – кратко изјави Драгана, во еден здив.