Донесен новиот распоред на летови од и до Македонија: Познато каде се ќе може да патуваме

  • By admin
  • март 26, 2021
  • 0
  • 936 Views

Во претстојната летна сезона од крајот на март до крајот на октомври од нашата земја ќе летаат 12 редовни авиопревозници. Освен редовните линии за летниот период е најавено да се реализираат уште 3-4 чартер летови.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство(АЦВ) информираат дека новиот летен распоред на летање е потпишан вчера. Она што се знае е дека на листата ја нема веќе Fly Dubai, авиокомпанијата со која што на нашите граѓани им се овозможуваше директна конекција со Дубаи.

Многу наши сограѓани кои работата на Блискиот исток ја користеа токму оваа линија. За жал сега ке мора да летаат со два или повеќе авиони.

-Во секој случај, очекуваме во наредниот период, паралелно со функционалните мерки за здравствена заштита, да започне процес на поинтензивно враќање на странските воздухопловни компании кои ќе оперираат од и до земјава, а со тоа и да расте бројот на превезени патници.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, во рамките на своите надлежности, им стои на располагање на сите заинтересирани воздухопловни субјекти, доколку покажат интерес, дополнително да се вклучат во реализација на редот на летање, вели за pari.com.mk, директорот на Агенција за цивилно воздухопловство,Томислав Тунтев.

Од авиопревозниците, пак кои што се одлучија и ова лето да сообраќаат од и до скопскиот и охридскиот аеродром се: Austrian airlines -Виена; Air Serbia -Белград; Croatia airlines -Загреб; Turkish airlines – Истанбул.Wizz air и натаму е авиопревозник со најмногу авиолинии од и до Скопје. Ќе сообраќа кон 35 аеродроми и тоа кон државите Германија, Шведска, Унгарија, Белгија, Шпанија, Италија, Словачка, Малта, Австрија.

Wizz air UK оваа сезона ќе лета на двата наши аеродром од и кон Лондон. Македонските граѓани за Истанбул ќе може да летаат и со Pegasus, нискобуџетната авиокоманија останува да лета на оваа релација.

Авиокоманијата Chair airlines од Швајцарија ќе нуди летови до и од Цирих. Директно поврзани со авиолинија граѓаните ќе останат и со Атина. И натаму продолжува да лета Aegean airlines.

Wind Rose airlines продолжува со летање Киев-Скопје и обратно. Lot Polish airlines лета на релација Скопје -Варшава и обратно. За летање покажала интерес и руска авиокоманија. Дестинацијата кон која би летала е Москва.

Кај, чартер летовите за ова лето има најави од Холандија, Швајцарија, Турција и Израел. Дел од авиокомпаниите кои во моментов летаат, а ги нема на летната листа се Sas, Lufthansa, Air France, Alitalia, Finnair, Aerflot..

Целата сторија може да ја проследите на pari.com.mk

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.