Ситуацијат со вирусот во Македонија зема се поголем замаф и нема соменение дека ни се случува нов бран.
Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи.
Секојдневно сме сведоци на тоа дека некој наш близок или познанин го добил вирусот, а болниците забрзано се полнат и има се помалку празни кревети.
Лекарската фела и медицинските лица апелираат на внимателност и почитување на мерките пропишани од надлежните служиб. Но очигледно сегашните мерки не вродуваат со плод.
Матичниот доктор Ненад Лазаров е човек кој секојдневно се соочува со пациенти со вируост, а често на својот профил објавува статуси кои привлекуваат големо внимание.
Еден таков на доктор Лазаров беше случај и утрово кога реши добронамерно да потенцира на што треба да снимава.
Лазаров на својот фејсбук профил објави стату во кој што тој вели:
-Еден совет другарски, да не ви ги зема парите некој, не треба компјутерска томографија кај секој пациент со COVI D19, таман работа. Ниту лендацин инфузии лечат ков ид!