Докторот Јетмир од Кичево заминал во Германија – ги наведе двете главни причини зошто го направил тоа

  • By admin
  • февруари 6, 2022
  • 0
  • 525 Views

Во последните години голем број медицински лица решија да ја напуштат Македонија и среќата да си ја побарат надвор преку границите.

Јетмир Садику е еден од многуте неврохирурзи кои работат во Германија. Ја напуштил земјава барајќи подобри услови за работа и живот.

Тој е неврохирург во Универзитетскиот клинички центар Хелиос. Дипломирал на Медицинскипот факултет при УКИМ во Скопје. Работел неколку години во Кичево, а од 2015-та работи како лекар во Германија каде и специјализирал.

„Ќе одвојам две од главните причини поради кои заминав: прво несоодветното организирање на програмите за специјализација од страна на Република Македонија во соработка со Медицински факултет, кои се делат на државни и со самофинансирање.

Се знае дека државните специјализации ги добиваат кандидатите кои имаат врски со дневните политики, лични или семејни врски и втората група се тие со самофинансирање. Втората причина се малите плати кои до 2017-2018 беа премногу ниски“, посочи Јетмир Садику за ТВ21.

Не можеме да ги споредуваме Германија и Македонија по животниот стандард, но еве кои се финансиски услови за работа, заради што многумина се одлучуваат да заминат.

„Дали може да се направи разлика во платите? Ако знаеме колкави беа платите во 2014г, а јас почнав со работа година ипол или две потоа, во Германија земавме 10 пати повисоки плати“, додава Јетмир Садику.

Дали би се вратил во Макеоднија со оглед на тоа дека, тука се родил, семејството му е тука, тука инвестирал во образование:

„Секогаш го поставуваме истото прашање – Колку е подготвена државата кадарот кој заминал, златната елита, да ја врати во родното место, со подобри услови за работа, под што подразбирам – најнови технологии, прилагодување на работата со стандардите на ЕУ и исто така тука влегува и финансискиот аспект. Тоа е прашање кое треба да им се постави на државните институции“, вели Јетмир Садику.

782 лекари заминале на работа во странство изминативе пет години од нашата земја. 120 медицински сестри и петорица лаборанти заминале само од Клинички центар за три години.

Од податоците добиени според лиценците за работа во странство, можеме да заклучиме дека бројот на лекари кои заминале од Македонија се намалил за време на пандемијата.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.