Во А1 СЦ Борис Трајковски денеска ќе се вакцинираат пратениците, а паралелно тече вакцинација на повозрасната категорија на граѓани над 73 години, рече денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите.
Вакцинацијата на пратениците е со вакцината Спутник В, а процесот на вакцинација на возрасната група граѓани, во Борис Трајковски е со вакцината на производителот Фајзер.
На новинарско прашање за тоа колкав број пратеници покажале интерес за вакцинација, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека тој поднел список од сите 120 пратеници, а нивна одлука е дали ќе ја примат или не вакцината.
– Јас како претседател на Собранието поднесов целосен список на пратениците. Според процедурите секој од нив добива порака за терминот којшто е предвиден и во која група е. Нивна лична одлука е кој ќе дојде кој нема да дојде, тоа веќе не е работа на Собранието, односно не е одговорноста на претседателот на Собранието, важно е дека сите се предвидени, а кој како ќе одлучи тоа е нивна работа, рече Џафери.
Џафери додаде дека негова обврска било да достави список со потребни податоци на сите пратеници и службеници, а негодувањето е нивно право.
– Моја обврска е да доставам список со потребни податоци на сите пратеници и службеници а секој има право да негодува и да се одлучи ќе прими или нема да прими вакцина и дека тој нема да се меша во нивните одлуки, изјави Џафери.
Матичниот доктор Ненад Лазаров кој е и докажен хуманитарез е доста активен на социјалните мрежи, а така беше и утрово на актуелната тема.
-За да им веруваме дека тајно не се вакцинирани, во што сум убеден, нека извадат серологија сите од влада, песови едни противнародни
-Докторки-доилки не ви се вакцинирани, пратеници ли се приоритет??? И уште еден куп медицинари, арам да ви е!
-Прави патриоти ќе дигнеа ракав Астра Зенека да примат показно, да ни помогнат да не се плаши народ неоправдано!