Доаѓат помирни и поубави денови за сите оние што живеат под кирија во Германија – ќе има нова владина мерка

  • By klaster2
  • ноември 1, 2022
  • 0
  • 313 Views

Германската влада бара начини да ги заштити граѓаните од наглите зголумвање на цените електричната енергија и да обезбеди подобри услови.

Владата организираше експертска комисија за гас и греење со цел да го подготви предлогот, кој предлага полугодишна заштита на станарите под кирија од иселување доколку не можат да си ги платат сметките.

Комисијата, во извештајот од 34 страници доставен до владата на разгледување во понеделникот, сугерира дека луѓето во изнајмени станови „мора да имаат најмалку половина година за да ги покријат неподмирените сметки за енергија“.

„По годените домаќинства треба да добијат поддршка од фондот за помош и да избегнат исклучување“, велат од комисијата.

Поддршката треба да трае се додека станарот не ја покрие разликата предизвикана од поскапувањето на енергијата, додаваат надлежните.

Безкаматни финансиски поддршки за одржување на ликвидноста треба да бидат достапни за домаќинствата со ниски и средни приходи од 1 јануари до 30 април 2024 година.

Приходите и висината на сметката ќе бидат одлучувачки за добивање помош. Секако тука при по давање помош ќе бидат земани и други поволности.

Инаку германската влада начелно се согласи да воведе ограничување на цената на гасот за околу 25.000 големи индустриски компании од 1 јануари 2023 година, соопшти денеска Министерството за економија, откако експертската комисија ги претстави своите предлози во Берлин.

Министерството соопшти дека владата ќе направи одредени технички корекции во врска со првичниот предлог на комисијата и дека ќе ја ограничи цената на гасот на седум евроценти за киловат-час за 70 отсто од потрошувачката на компаниите забележана во 2021 година.

За да можат компаниите да го остварат правото на користење на оваа мерка, комисијата предвидела одредени услови, меѓу кои и обврската за одржување на 90 отсто од работните места во период од една година и одржување на постоечките погони во Германија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.