Диџеј Мац: Има народ тука што се уште ја цени оваа земја, јас не сакам да бидам ништо друго освен горд Македонец

  • By klaster3
  • јули 15, 2022
  • 0
  • 344 Views

Диџеј Мац како што е познат во јавноста и на професионално поле или Марјан Петровски е еден од нашите јавни личности кои често се огласува на социјалните мрежи и без да трепне се што му лежи на срце искажува.

Марјан Петровски е човек со големо срце кој покрај музиката е познат и по хуманите работи и знае да помогне таму каде што е најпотребен.

Мац има учествувано во многу акции за собирање храна, и има пуштано музика на многу хуманитарни забави. Диџеј Матс инаку по професија е лаборант.

Па така во време кога запреа музичките настани тој потполно и се посвети на таа професија, а сега полека но сигурно се враќа на музиката.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде споделува моменти од приватниот живот, но и по некој статус во кој го искажува своето мислење во врска со она што се случува во земјава.

Пријателите, а и оние кои не го познаваат, а само го следат на социјалните мрежи, го засакаа поради неговиот оптимизам.

Така и овојпат, преку објавата на својот Фејсбук профил покажа дека е горд Македонец и на многумина им одржа лекција за тоа што значи да ја сакаш земјата во која си роден.

„Се родив во Македонија .. проодив во неа,тука пораснав низ македонските улици и населби.. тука запознав премногу луѓе и пријатели .. од македонци до албанци па и роми ..

Јас во оваа држава видов многу убави места .. од села до планини и ридови .. токму на ова македонско тло

Имаме една прекрасна земја .. со многу богатства кои за ж ал не знаеме да си ги цениме .. но тоа е .. има народ тука што сеуште ја цени оваа земја и сите тие богатства во неа .. и истите заради тоа живеат/живееме тука .. вклучувајќи ме и мене

Тука го изградив името како диџеј .. тука во оваа моја Македонија .. тука ги изградив моите најубави спомени од ноќниот живот па и денски забави . и сеуште се градат тие спомени.

Јас се родив како горд македонец во оваа моја Македонија .. и кога ќе треба да ум рам .. сакам да ум рам како тоа. Не сакам да бидам ништо друго .. освен еден Македонец .. горд Македонец Те сакам Македонијо“, напиша Марјан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.