Директор во Германија открива зошто не може да најде работници – платите воопшто не се пречка

  • By klaster3
  • јули 16, 2022
  • 0
  • 351 Views

Најпопуларниот забавен парк во Германија, Европарк има голем пр облем со персоналот. Директорот, Роланд Мек, причините за недостигот на вработени ги гледа особено во односот кон работата и, според него, превисоките барања на помладата генерација кандидати за работа.

Имено, панд емијата силно го погоди и Европапарк: годините на кри за оставија не само недостаток на приходи, туку и голема дупка во бројот на вработени во забавниот парк лоциран во Руст во Баден-Виртемберг.

Новиот почеток очигледно е теж ок за извршниот директор Роланд Мек, се чини дека недостигаат нови кадри. Но, кои се причините за тоа? Лоша плата или непривлечно работно време?

Во интервју за Баслер Цајтунг, менаџерот на тематскиот парк јасно го крит икуваше личниот однос на помладите кандидати.

– Има 25-годишници кои сакаат да работат само три дена во неделата. Сè уште го имаат целиот живот пред нив, би можеле да станат нешто овде, да направат кариера, смета Мек и открива што најчесто бараат кандидатите во своите апликации за работа.

 

– Во апликациите често се бара рамнотежа помеѓу работата и животот, проследено со одбивање на викенд смени и барања за домашна канцеларија.

Единствена регулатива за секој вработен веќе е проблем во мојата компанија. Ако викендите ни се најпрометните денови во паркот, не можам да одам на одмор додека моите вработени работат напорно.

Морам да бидам и јас таму. Премногу често платата веќе не е одлучувачка. Иако Европапарк плаќа далеку над минимумот, се чини дека парите сами по себе не се доволни, вели Мек.

Ниту изградбата на новиот хотел нема да почне според планираното поради недостиг на работници. Но, ако не сакаат Германците, ќе го направат странците, бидејќи многу сопственици на компании носат работници од странство.

– Моравме да земеме работници од странство бидејќи барањата на младите во Германија се неверојатни. За среќа најдовме добри луѓе од Киргистан и Узбекистан, вели директорот на Европапарк.

Биле ангажирани и бег алци од Украина. Сепак, останува да се види дали овие мерки се доволни за покривање на бројот на вработени, кој сега достигна неколку стотици вработени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.