Денис: Трката по пари не е само обична трка туку газење на се што им надоаѓа на пат – здравјето на обичниот човек не е ни под точка разно

  • By admin
  • март 16, 2021
  • 0
  • 1154 Views

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски се огласи на фејсбук каде сподели емотивен статус:

Земам брис на баба и дедо. Внучето на скали.Татко му е во болница.Наеднаш ми вика:- Денис, тато да го донесеш дома. директно во срце.

Бидете внимателни, бидете совесни. Јасно ми е дека долго трае, се разбирам. Револт кон се што ни се случува, револт, кон овој и оној, револт кон светов кој одамна се движи по некоја негативна патека, каде трката по пари не е само обична трка туку газење на се што им надоаѓа на пат.

Tрка во која здравјето на обичниот човек не е ни под точка Разно. “Целта ги оправдува средствата” за нив не разликува чесност, хуманост, заштита на човештвото и природата. За нив сме само бројка.

И само ние можеме да се спротивставиме, колку и да изгледа бесцелно. Ама само ако заедно го направиме тоа. Јас едно, ти друго, тоа е нивната душевна храна.

Море душ манска храна. Нив ништо не им значат сите оние над 3000 наши роднини и пријатели а нас премногу. Се додека има подвоеност (а машала ја има јако изразена буквално во се, да се чуди човек) ние нема да излеземе од овој лавиринт, секојдневно некој ќе чека и посакува родителот, пријателот, некој роднина што побрзо да си дојде дома. Жив и здрав.

Почитувањето на мерките кои колку и на моменти да изгледаат неефективни ќе придонесе за намалување на бројката на заразени, мора тоа да се случи. Втора година почнавме.

Ајде конечно да помислиме на ЗАЕДНО, да го оставиме индивидуалното или барем да го ставиме на пауза додека заврши лудилово, да го издигнеме колективното, да се однесуваме како што треба и да кажеме ДОСТА Е ВЕЌЕ, АЈДЕ ДА ЈА ОПРАЈМЕ РАБОТАВА!

Уште од денес, никогаш не е доцна. Таткото да си дојде дома што побрзо а ниту еден да не замине во болница. Можеме нели.Ваш Космонаутко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.