Дедо Наце од скопско Бучинци има 100 години – признава дека сега подобро се живее отколку во Југославија

  • By klaster3
  • март 27, 2022
  • 0
  • 469 Views

Наце Петрушевски од с. Бучинци неодамна го прослави својот 100ти роденден.

Иако годините и тешкиот живот го земаат данокот дедо Наце се уште со радост ги пее македонските песни.

Личност полна со ангедоти, приказни и доживувања од цел еден век, поминал српка бугарска и југословенска власт, а денес живее во Македонија.

– Порано животот беше тежок, земјоделието единствена сламка за спас, а работата беше многу тешка зашто немавме машини како денес, започнува дедо Наце.

– Се на рака се ораше, вршеше. Само вработување немаше во минатото, сега е подобро отколку Југославија, тогаш не можевме да излеземе надвор – имаше поли ција, сега е мирно и добро.

Од младост до старост живеел со својата сопруга и сопатничка баба Нацка, се сеќава како ја запознал и како започнал нивниот заеднички живот од кој ги добија синот и ќерките.

– Таа е од друго село, не сум одел многу со неа. Игравме една стара игра во која се одеше по куќите. Излезе таа од нејзината куќа и само се видовме.

Тргна по нас да оди и после се врати, па не пројде време, а таа прати стројник да ме тражи мене за момче.

Тоа беше запознавањето, па поминавме добро после си ја земав, правевме свадба и така, се сеќава дедо Наце.

Дружбите во негово време биле поинакви од тие што се денес – свирење на гајда и дудук, организирање игранки на сред село биле единствените начини за забава во тоа време.

– Се правеа свадби, свирки на гајди, на дудук се свиреше, игранки имаше доста по гумна – така беше порано, а сега е модерно, се има.

Љубиша е единствениот син на дедо Наце и баба Нацка и вели да се живее со родителите и да се учи од нив е најубавото нешто –
секој нивен збор, пренесено знаење и искуства е вистинско богатство.

– Нормално дека е убаво, се што си научил од старите, приказни, не само од него, сум учел и од дедо ми.

Единствената снаа во фамилијата е Милевка која се уште му се обраќа со тато.

– Многу убаво бев прифатена зашто сум една снаа со две золви, свекрвата многу ме сакаше. Имам и снаа и три внука од синот.

Убаво си живееме, стариот е мирен човек, јадење му дај, си седи, спие и уште е моќен да си работи.

Велат дека уште помага низ дома, си чепка низ бавчата тоа што може. Се уште е во одлична физичка кондиција, а колку што го држи гласот го негува и хобито – пеење на омилените песни.

Заедно со својот брат кој има 94 години помагаат на своите фамилиии го пренесувааат своето знаење и искуство, а внуците и правниуците се она што го прават најсреќен.

Неговата фамилија е доказ за тоа како се чуваат и почитуваат возрасните од кои се учи најмногу за животот и искуствата.

Целиот видео прилог може да го проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.