Дедо Жарко веќе 10 години живее во куќа на дрво која што самиот си ја направил

  • By klaster2
  • декември 21, 2021
  • 0
  • 618 Views

Жарко Нешовиќ е веројатно единствениот случај во овој регион а, ако не и во светот кој поголемиот дел од годината го поминува спиејќи во својата куќа на дрво, во која се вселил пред 10 години.

Жарко живее во подножјето на планината Шарган. Тој е пензионер и се преселил таму со сопругата откако престанал да работи.

Пензионерските денови ги поминува правејќи сувенири, а потоа навечер оди и спие во својата куќа на дрво која сам ја направил на врвот на големата јаболкница.

Вели дека таму е од Ѓурѓовден до Митровдан, односно од мај до почетокот на зимата. Исполнет во мир, тишина и спокој, со поглед од високо.

– Ова е мојот рај на земјата. Живеам на дрво и уживам во тоа. Решив да изградам куќа токму таква. Еднаш ми текна да испорбам и видам како ќе биде.

– Сепак ова испадна многу добро, па направив куќа на дрво, за да легнам и да се одморам, да е нешто поразлично – изјави дедо Жарко во емисијата „Нема да веруваш“ .

На прашањето што се случува со куќата и како е кога си во неа за време на невреме, Жарко вели дека и тогаш се чуствува добро.

– Малку ветар ја тресе куќата, а јас тоа го сакам. Опремив се за спиење, имам перница и ќебе. И на бабата ѝ поставив кревет, но таа го избегнува.

Бабата доаѓа да ме посети, да види што правам, но не спие таму, од нејзе само познати причини вели на шега Жарко и додава:

– Не можам да објаснам колку ми е убаво овде, си ги полнам батериите. Наутро, во зори, птиците почнуваат да летаат низ куќата и да црцорат. Воздухот е чист. Се чувствувам одморено.

Жарко вели дека не знае точно колку време потрошил за изградба на куќата, но таму е 10 години. Добро ја обезбедил и е стабилна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.