Општо познато е дека Германија од година во година се сооочува со голем недостиг на работници кој што се решава со увезување на странци.
Голем број странски граѓани, како од Европа, така и од Азија, Африка и Јужна Америка во потрага по подобар живот се решаваат да се иселат во Германија.
Ова е и случај со Македонците кои во се поголем број решаваат да заминат во Германија со желба за подобра работа и поубав живот.
Најновото истражување на Институтот за германска економија (IW) покажало дека многумина жители на Германија кои доаѓаат од другите земји заработуваат повеќе од самите Германци.
Податоците кои ги објавил весникот „Welt am Sonntag“ се базираат на статистиката за вработување на Сојузниот завод за вработување.
Индијците во Германија кои работат на полно работно време во просек месечно заработуваат 4,824 евра, што е речиси 1,300 евра повеќе од платите на Германците.
Објавените податоци не покажуваат дали станува збор за бруто износ во кој Германците ги покажуваат месечните плати, пренесува Феникс магазин.
Многу академски граѓани од трети земји, од 2012 година пристигнуваат во Германија, а меѓу нив најмногу има математичари, информатичари, луѓе кои дипломирале на природни науки и инженери кои работат во т.н. МИНТ професии.
МИНТ е кратенка за математичири, информатичари, експерти на подрачјето на природните науки и техничаи. Тие во Германија вообичаено се платени над просекот.
Просечната месечна плата на Германците е 3,541 евра (бруто). Австријците во Германија заработуваат 4,582 евра, а Американците 4,468 евра. Британците, Кинезите, Швајцарците, Бразилците и оние кои доаѓаат од земјите на Бенелукс исто така имаат просечна плата над гранцата од 4,000 евра.
И Французите во Германија во просек заработуваат повеќе од Германците, односно 3,952 евра. За разлика од нив, Сиријците имаат релативно ниска просечна месечна плата која се движи до 2,195 евра, Романците 2,157 евра и Бугарите 2,072 евра.