Малите, пет годинишниот Андреј и две и пол годишниот Никита се првите дечиња кои од Украина пристигнаа во Македонија, поточно во Охрид заедно со своите родители.
Тие се веќе две недели во родниот град на нивниот татко Дарко кој наиде на една пречка. Имено тој не може да ги запише дечињата во охридската градинка,затоа што не поседувал доказ дека тие се вакцинирани.
Јас им кажав дека се вакцинирани, но картонот нас ни остана во детската клиника каде што децата се водеа. Клиниката во моментов не работи, немам сознанија дали е таа воошто веќе пости или не,ние пробавме со нашата докторка да исконтактираме преку вибер, но не ни одговара – изјави Дарко Кипаризоски за Алфа ТВ и додаде:
Тие одеа во градинка во Украина и за нив е подруго. За поголемиот имам извадено извод на родени, регистриран е овде пред 4 години“,
Од Харков каде што живеевме, едвај спасивме жива глава, немавме време да одиме по вакциналните картони на децата кои и таму одеа во градинка. Ако не беа вакцинирани ниту во тамошните градинки не ќе ги примеа, вели Дарко од правните бариери кои се чини, дека само кај нас се пречка да се згрижат децата кои доаѓаат од воено жариште.
Другиве земји јас како што знам за Полска на пример имаме наши познаници ги земаат одма во градинка во школо,исто во Италија и од моите колеги исто така нивните жени заминаа во Португалија и одма кажаа дека ќе бидат згрижени во градина децата нивни.
Хравтска исто знам дека нуди одма сметување за родителите и децата, дури и работи визи давале за родителите на една година – изјави Дарко.
Најважно од се’ e децата кои одлично зборуваат македонски јазик,да заборават на она низ кое поминавме, да се социјализираат, едуцираат и времето да го поминуваат со своите врсници, додава Дарко.
Од градинката “Јасна Ристеска” се правдаат дека децата немале македонско државјанство, здравствени книшки, извод на родени,лекарски картон и уредно примени вакцини.
Сакаме да им излеземе во пресрет,да се социјализираат, но не можеме да дејствуваме согласно материјалниот закон за прием на децата во градинка,тие не ги исполнуваат за прием на истата.
Од таа причина бараме од ресорното министерство како да постапиме со нив и што потоа – информираат од ЈОУДГ “Јасна Ристеска”-Охрид.
Проблемот во следниот период може да се зголемува затоа што има најави за доаѓање и на други семејства со деца од Украина.
„Можеби ќе останеме и подолго време. После една или две години ако се среди може и да се вратиме“, нагласи Дарко.
Ова не е единствената препрека со која се соочи Дарко Кипаризоски кога стапна на македонско тло. Додека непознати луѓе ги згрижувале во Романија, Молдавија и Бугарија без да платат, по 6 дневно патување и 2.5000 км кои го делеа од Охрид, кога стиганал на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон, на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.