Дарко Костовски е актуелен градоначалник на Општина Бутел кој на позицијата дојде на локалните избори во октомври 2021, а претходно беше пратеник во собранието.
Во 2011 година дипломира на факултетот за политички науки Јустинијан први при универзитетот св Кирил и Методиј во Скопје, звање дипломиран политиколог.
Во 2021 година магистрира менаџмент на човечки ресурси, звање магистер за менаџмент на човечки ресурси. Освен тоа, Костовски е носител на црн појас трет дан во олимписко Таеквондо и црн појас прв дан во Џудо.
Дарко е селектор и тренер на македонската таеквондо репрезентација, а самиот двапати е државен сениорски шампион во Џудо. Основач и тренер е на Таекводно Клуб Бутел.
Како тренер има постигнато многу врвни спортски резултати, а меѓу многуте освоени медали на светски и европски првенства, најголемо достигнување е освојувањето на сребен медал на олимпијадата во Токио 2021 год.
Градоначалникот Костовски е во брак и има едно дете. Како гостин во емисијата „Шоу Магазин“ зборуваше малку повеќе за тоа како ја запознал сопругата и за секојдневието на работното место.
– Уште од младиснките денови се занимавам со политика, тоа ми е струка јас сум политиколог.Со сопругата на еден партиски настан во младинските организации на мојата политичка партија започна.
На почетокот јас одбивав, не сакав такво нешто со девојка од редовите на иста политичка партија, но судбината е помоќна од се. Долг период само комунициравме, можеби две години затоа што имав барие ра како што реков, објаснува Дарко.
Со колегите од работа гледа да биде природен односот меѓу него и сите останати. Не гледа разлика помеѓу вработените и не сака да го доживуваат како да е нешто повеќе од другите.
– Во личниот однос со луѓето без разлика од хигиеничар во општината до највисоката позиција под градоначалник јас сум ист. Дури најчесто си разговарам убав муабет по ходниците со хигиеничари, многу ми се природни тие луѓе.
Јас доаѓам од работничко семејство, моите родители не биле директори биле обични рабтници и навистина ми е пријатно со секого да разговарам. Сум гледал како некој со моите родители се изживува и сум рекол дека никогаш нема да го правам тоа, додава Костовски.