Даниел нашол девојка во градот и се оженил, па од тогаш веќе 6 години не излегол од селото

  • By klaster2
  • март 9, 2022
  • 0
  • 622 Views

Даниел Бијорац (21) е од Голија за некого, планината е далеку од идеално место за живење но буковата шума за Даниел е нешто со што не може да се плати со никое богатсво.

Во епизодата „Селанецот и девојка од градот“, на РТС гостин беше Даниел човекот кој што шест години не излегол од селото.

„ Шеста зима веќе како не сум слегол. Ништо не ми треба се си имам овде. Ни датум, ни ден, ни месец не ме интересира, вели Даниел.

Тој вели дека не сакал да работи на зградата, да оди по градот да работи како градежник или нешто слично бидејќи според него, ако го напуштите селото и имотот, нема враќање назад. Затоа решил да остане на село.

Во околината на Даниел нема пат ниту струја. Му било ветено дека ќе се воведе струја, но по многу снег процесот се искомплицирал. Иако е среќен поради околината и животот што го има, вели дека единствено што му недостасува е струјата.

„Имам соларни панели и агрегатор. Телевизорот во нашата земја е пристигнат многу одамна но кај мене телевизорот пристигна оваа година.

За Даниел среќата е здравје, а парите се само хартија: Немам толкав контакт со пари. Не ми поминуваат секој ден низ раце, додава Даниел.

Селанецот и девојка од градот почнале да живеат заедно на 29 ноември. Избраничката на Даниел е Кристина која има 19 години.

“Му кажав дека го гледам на емисија и дека е фин и културен. Му честитав што водел таков живот. Се запознавме. Му реков дека ќе дојдам кај него, а тој ми рече – ајде да се обидеме.

Ме привлече тоа што е сериозен и дека сака семејство и брак. Не е нешто несериозно и незрело“, вели Кристина за емисијата.

Кристина го напуштила Сараево за да се сретне со Даниел во Нови Пазар. Нејзините родители не го познавале Даниел и не сакале да ја напушти куќата, па таа морала да побегне.

„Заминав во 9 и 15 сабајле, но не знаев дали ќе ме чека на станица. Размислував – ќе дојдам во друга земја и тој го нема. Ќе се изгубам и што ќе направи, но тој ме чекаше“

“Се срамев и да ја прегрнам и да ја бакнам. Ми беше доста чудно, јас бев селанецот а таа девојка од градот, вели Даниел присеќавајќи се на првите средби.

Кристина останала со Даниел неколку дена, а потоа со својот избраник отишла кај родителите во Сараево да го запознае. Ги воодушеви со својот изглед и став.

Инаку Кристина веќе е во третиот месец од бременоста: Единствеан грижа ми е тоа што докторот ми е далеку односно во градот.

„Срамота е во 21 век под фенер и свеќа да се раѓа дете. Порано било друго време и поинаку живееле, сега срамота е да нема струја и пат“, заклучува Даниел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.