Нема машка или женска професија, туку само има несвојствени работи кој би ги вршеле едните или другите, а една таква професија е пожарникар.
Триесетгодишната Данијела Сантрач е единствената жена- пожарникар во Нови Сад а можеби и пошироко, а пред еден месец стана дел од тимот на Новосадската противпожарна бригада.
По две години работа во противпожарната станица во Ковин како диспичер трансферот во поголема и подинамична екипа, со уште многу интервенции, не и претставува проблем.
Таа израснала во семејство во кое униформата има посебно значење, а со самото тоа желбата за ваква работа во која има адреналин и спасуваш живот е голема.
„Отсекогаш сум сакала да работам нешто што е хумано, а работата како пожарникар зрачи со хуманост и храброст и затоа некако се најдов во таа професија и сакав да бидам дел од таков тим“, изјави Сантрач за ,,РТВ”
„Стра вот е секогаш присутен, но треба да се фокусирате на правилно извршување на работата и да ве турка напред за да правите сè како што треба“, објаснува Даниела.
Низ историјата, жените го менувале светот, ги ури вале предрас удите и поставувале нови правила. Слична е ситуацијата и денеска бидејќи цел Нови Сад зборува за првата жена во Новосадската противпожарна бригада.
„Во суштина, најмногу има предрасу ди, бидејќи кога луѓето гледаат жена имаат впечаток дека тоа не е работа за жена и немаат довореба ете тоа е недостаток ако може да се каже.
Но има и добри коментари каде луѓето ме мотивираат да продолжам да го работам она што го сакам“, заклучува Даниела Сантрач опишувајќи го работното место.
Храбрата дама во униформа е рамноправен член на овој тим. Умешноста, брзината и ефикасноста се само дел од основните карактеристики на Даниела, а нејзините колеги од Нови Сад имаат само пофални зборови за неа.
Тие меѓусебно се поддржуваат бидејќи, како што велат, колегијалноста, добрата тимска работа и брзината се најважниот дел од оваа работа.