Пред неколку недели замина за Јапонија со мисла само за златен медал, но и среброто кое го освои во Токио има златен сјај за нашиот теквандо борец Дејан Георгиевски. По поразот во финалето против Русинот Ларин, скопјанецот гордо застана на пиедесталот и со насмевка го прими сребрениот медал.
Дејан беше смирен, горд и насмеан. Му честита на Ларин и во отсуство на руската химна, заедно ги ислушаа звуците на Чајковски во чест на новиот олимписки победник.
Во 2017 година Дејан го освои првиот златен сениорски медал во олимписки спорт откако Македонија е независна држава. Има сребро од Европско првенство, сребро од Медитерански игри, две бронзи од Европско првенство У21 и едно сребро од Клупското европско првенство.
22-годишниот Георгиевски во наредните неколку дена ќе се врати во нашата земја и сигурно го очекува топол дочек за најсјајниот медал во нашата историја по осамостојувањето.
Финалето започна со каз нен поен за македонскиот претставник, а потоа и втор поен за Русинот. Тоа беше резултатот по првите две минути, што значеше дека Дејан ќе има за нијанса потешка работа до крајот.
Георгиевски се врати и израмни на 2-2, но одново Ларин направи комбинација за пет поени во низа. Крајот на втората рунда донесе отворена бор ба и поентирање на двете страни. Во завршницата се влезе со резултат 9-7 во корист на рускиот натпреварувач.
Одлучувачката рунда започна со два каз нени поени, по еден на секоја страна. На крај фаворитот ја оправда улогата и ја зголеми предноста во завршната минута, за конечна победа од 15-9.
По финалето се огласија и од тренерскиот тим на нашиот олимписки медалист, а Дарко Костовски на својот профил на фејсбук меѓу другото се пожали и на судиите.
Славе тебе Господе! Имаме сребрен медал на Олимписките игри Токио 2020
Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна, браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска Македонска икона, ти си идолот на новите генерации.
А тебе докторе, тебе брат Борче Костовски за тебе имам неколку збора, ти си посебен, ти си генијалец и твојата работа низ годините наназад не може со збор да се опише, тоа е за филм !
Фала му на господ што те имам до мене, и што те има Деки до него, денешните стратегии беа како тие на Александар Македонски.
ТЕСНО ФИНАЛЕ, НЕ ДОСУДЕН ЧИСТ УДАР ВО ГЛАВА, ЧИСТ НО ТОА Е СПОРТОТ, ЗНАЕ ДА Е СУ РОВ.
УХХХ СРЕБРО НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ФУЛКОНТАКТЕН БОРЕЧКИ СПОРТ, ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО, СОН СО КОЈ ЈАС И БРСТМИ ЖИВЕЕВМЕ ОД КАКО ПОСТОИ ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ.
МАКЕДОНИЈО РАДУВАЈСЕ, СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПЛОШТАД, СЕ ГЛЕДАМЕ ГОРДИ И ДОСТОИНСТВЕНИ НА ПЛОШТАД !!! ЗА МАКЕДОНИЈА.