Груевски: Тоа што во Македонија се прави го нема ни во Африка – уште еднаш фатени живи

  • By admin
  • јануари 21, 2022
  • 0
  • 667 Views

Никола Груевски се огласи пред неколку моменти од Унгарија на својот профил на фејсбук  каде што сподели:

Уште еднаш фатени “живи” како местат су дски случај како дел од политичкиот про гон на власта. Тоа што во Македонија се прави од обвин ителството и суд ството кои сè уште продолжуваат да работат по инструкциите дадени од власта на Заев и од него лично, го нема ни во Африка.Кратко, јасно и со доказ еве ги фактите.

Во т.н. предмет “Плацеви Водно” како сведок на обвинителството се појави Тања Стојановска, која раскажа дека по барање на нејзиниот шеф Александар Ивановски во јавноста познат по прекарoт “Алек Теранова” купила два помали стана кои години подоцна јас ги изнајмив и идејата на обвин ителството е преку изнудени изјави на гореспоменатиот уценет бизнисмен и неговата секретарка да докажуваат дека становите биле мои.

Иако немаат никаков материјален доказ (ниту е можно да имаат), а и самиот Ивановски во неговата изјава во судот кажува дека никогаш за оваа тема не разговарал со мене туку дека трето лице му рекло да ги купи становите за мене (иако самиот А. Ивановски кажал во су дот дека не ме познавал лично тогаш), а пак тоа трето лице во су дот го негира истото.

Алексансар Ивановски становите ги купил на име на неговата секретарка Татјана Стојановска која, исто така, беше сведок и кажа дека се што знае за ова е што и раскажал нејзиниот шеф и според тоа на крајот сепак призна дека само претпоставува дека становите се мои.

Но под пр итисок на власта преку обвин ителството, а на прашање во судот истата сокри дека има примено писмо по ДХЛ од мене во својство на закупопримач на тие станови, чија содржина ја објавив на фб на 10 декември 2021 година, кое писмо преку ДХЛ е пратено од мене на 01.02.2021 година, а примено е на 08.02.2021 година.

Ако сака су дот, обви нителството и адвокатот назначен од суд от по службена должност веднаш може да го проверат истото во ДХЛ во Скопје и ќе се види дека сведокот не ја говорел вистината и преќутел битен факт.

Неодамна, во понеделникот на 17.01.2022 година, во истото својство испратив ново писмо исто така по ДХЛ на истата личност, сопственичка на становите и сведок на об винителството Тања Стојновска.

Веројатно поучена од обв инителството кое работи по инструкција на власта, истата вчера во 15:13 часот одбила да ја прими пратката со образложение дека содржината не била нарачана од неа. Така има објавено ДХЛ.

Значи ОДБИЛА да прими писмо испратено од мене со кого има потпишан договор за закуп на два стана (46м.кв. и 67м.кв).

Во ред. Делумно разбирам. Обвини телството и стои над глава, а особено на нејзиниот работодавач и шеф, па ги следи нивните инструкции, бидејќи ова е политички мотивиран случај каде обвинителството има задача по секоја цена да ме гони и да бидам ос уден.

Доколку сакаат не само да се запознаат со содржината на писмото туку и да се уверат, а особено су дот, како постапил сведокот, дали треба да му се верува на таков сведок, односно под каков при тисок се наоѓа, обвини телството, суд от и адвокатот назначен по службена должност можат веднаш уште денес, додека пратката е сè уште таму, да ги превземат сите законски чекори и привремено со суд ски налог да го запл енат писмото кое од вчера 20.01.2022 год. е вратено во ДХЛ Македонија.

Ако некој не верува дека сведоците на обвини телството се притиснати да кријат докази кои на обвини телството не му одговараат, слободно нека напишат на интернет “DHL Macedonia”, потоа нека кликнат на “Tracking”, и нека го впишат tracking code: 5177084065. Сè ќе им излезе и сè ќе им стане јасно.

За оние кои не им се прави ова, подолу фотографија од истото. Исто така и фотографија од потврдата од DHL Hungary издадена во моментот кога ја испратив пратката со писмото, каде се гледа “tracking code” на која потврда од разбирливи причини ги покрив адресите, телефоните и е-mail адресата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.