Груевски распали како никогаш до сега: До кое дереџе дојде Македонија

  • By admin
  • октомври 31, 2022
  • 0
  • 343 Views

До кое дереџе дојде Македонија Премиерот се бо ри да има храна оваа зима, и гордо соопштува на народот дека храна ќе има

Ако некој низ Европа ова го прочита првата помисла ќе биде дека тоа е изјава на премиерот на Етиопија или некоја друга африканска држава а не Македонија.

Едно време се гордеевме дека ќе има ваучер за бесплатен компјутер/лаб топ за сите бруцоши, пари за секое семејство кое ќе добие трето дете или субвенции за странски туристи и нови линии на ниско тарифни авио компании со кои Македонија се поврза со многу градови и држави.

Автопати, возови, голем број нови фабрики и работни места донесени од нас со наш директен ангажман и убедување, а сега битката е…за храна/Плус горди сме сега дека ќе има струја и греење.

Дали ќе има храна во моментот е прашање само во земјите во Африка. Во Европа тоа не е тема.

Исто е и за струјата. Во ниту една европска земја во моментот нема тема во јавноста дали ќе има струја, само цената е дискусија, која веќе паѓа, како што паѓа и цената на гасот онака како што прогнозираше Голдман Сакс на почетокот на септември кога изјавија дека во текот на зимата што ќе се свати дека Европа се снашла со гас цената ќе почне да паѓа. Таа веќе паѓа а уште зимата не е простигната.

Дали ќе има (доволно гас за ) греење, беше кратко време, неколку месеци тема во Европа, но веќе неколку недели тоа воопшто не е тема одкако Европа има проблеми со вишок на гас бидејќи нарачаа прекуумерени количини гас со бродови, па сега ги враќаат бродовите оти веќе немаат каде да го сместат гасот.

Македонија троши гас колку една просечна цементара во Европа. Би можело и многу повеќе да троши но шеста година одкако дојде актуелната власт не се доделува концесија на инвеститор за секундарна гасификација со што без државни вложувања ќе се направи разгранета мрежа која примарните гасоводи ќе ги поврзе со фабриките, институциите и домаќинствата.

Не се пуштаат во употреба и нема секундарна гасификација на претходно завршените гасоводи кумановско Клечовце-Св.Николе- Штип, и Штип-Радовиш-Неготино/Кавадарци.

На толку инвестирани пари од буџетот шест години да не сте заинтересирани од тоа граѓаните да добијат полза тоа е рамно на злочин кон државата и народот.

Ниту пак од постоечкиот гасовод Крива Паланка, Куманово и Скопје може да ги уживааат благодетите на гасот кој им поминува “покрај дворот”.

Објавениот јавен повик за концесионери за секундарна гасификација за цела Макеоднија пред изборите во 2016 година беше сопрен.

Исто како што беше сопрена и изградбата на клиничкиот центар во Скопје како и гасната централа во рамките на истиот. Да не се сопреше се ќе беше поинаку.

Без малку се се сопре што го бевме почнале а не довршиле. Ене ги факултетоте за физичка култура и ФИНКИ кај ТЦ Мавровка стојат не допрени од тогаш, како споменици на едно време на неработење, зл оба и неспособност.

Патот преку Водно до Сопиште, и целосно готов од јуни 2017 година, не го пуштивме пред заминување оти се поставуваа банките од страна на патот кои еден месец подоцна се завршија.

Зошто не го пуштаат? Од многу приземно причини, од завист и од инает оти е дело на нивните политички конкуренти и оти не ги бива да направат нешто подобро!

Да не зборувале за автопатот Кичево-Охрид, 50% завршен уште во сега далечната 2016 година. Двата километра автопат што долго ги ветуваат и најавуваат на ветениот автопатот Скопје-Блаце веќе се за забавна рубрика и кога ќе го направат ќе има повеќе смеење одколку честитки, исто како и со мал дел од делницата Кичево-Охрид.

Но да се вратам на темата. Не се завршуваат ни започнатите со градба гасоводи од Скопје кон Тетово и Гостивар и од Кавадарци до Прилеп и Битола.

И не се почнува градба на нови гасоводи за сите населени места да имаат пристап до гас. Ќе имало храна, струја и греење!!!?
Што е следно? Вода и воздух? А какви беа верувањата…?!

П.С. Ако малку низ шега сакаме да погледнеме на македонската тра гедија би рекле дека за ЖИВОТ е доволно храна, струја и греење:)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.