Груевски не мирува ниту денес: Нека вечно се слави во слободна и суверена Македонија

  • By admin
  • декември 8, 2021
  • 0
  • 562 Views

Екс премиерот Никола Груевски зачести со објавите на својот профил на фејсбук деновиве, па така имаше што да каже и вечерва:

Денес е празник посветен на Свети Климент Охридски. Денес неможам а да не се присетам на валканата проп аганда повеќе од една деценија со која изма мници во политиката и новинарството зборуваат дека јас и владата и партијата која ја предводев сме ја антиквизирале Македонија и на сметка на тоа сме го избришале словенското наследство и култура на просторот на Македонија.

Знам дека многу луѓе поверуваа во тоа, затоа што нашите политички противници и медиумите кои ги подржуваат до денес го лаж ат народот за тоа дека јас и моите соработници сме ја фалс ификувале историјата поврзана со словенскиот период, јазик и култура.

Вистината е дека ниту една друга влада на Македонија не извршила поголема афирмација на историјата поврзано со словенството, и таа афирмација има еден вид траен карактер, мошне видлив и лесно докажлив а делумно може и да се допре.Да одиме по ред:

1. Во 2007 година на предлог на владата и потоа одлука на парламентот денот 8 декември за прв пат во историјата на Македонија е прогласен за државен празник во Македонија и неработен ден за сите граѓани на Македонија.

2. Паралелно за прв пат во историјата на Македонија во 2007 година се воведе доделување државна награда Св. Климент, која до ден денес се доделува, исто така на предлог на владата која ја предводев.

3. Прв пат во 2007 година започна државно одбележување на овој празник со пригодни свечености на кои се обраќа Премиерот или Претседателот на Македонија со телевизиски пренос и бројни присутни гости.

4. Во 2007 година на предлог на владата а потоа со одлука на парламентот денот 24 Мај за прв пат во историјата на Македонија се прогласи за државен празник и неработен ден за сите граѓани на Македонија. Претходно овој ден се одбележуваше со некакви помалку формални свечености но никогаш не бил државен празник на Републиката. Не се сеќавам дали веќе беше или тогаш се воспостави наградата Св.Кирил и Методиј.

5. Некаде во 2010 година започна и се доведе во финална фаза проект кој оваа актуелна влада денес го запре или забави, вреден околу 14 милиони евра со кој околу црквата Св. Пантелејмон во Охрид, на Плаошник, најпрвин се инвестираше во обемни археолошки истражувања а потоа и градба на објекти поврзани со историскито наследство на Свети Климент кои околу 70% ги довршивме до крајот на нашиот мандат и кои за жал токму сегашната влада толку ги забави што може да се каже и дека ги запре.

Црквата Св. Пантелејмон беше возобновена во 2002 година кога премиер беше Љубчо Георгиевски, министер за култура Ганка Цветанова а јас го предводев министерството за финасии, па проектот кој со Паско Кузман и Елизабета Камчевска Милева го започнавме некаде околу 2010 година е продолжение на тој проект од 2002 година, но кој е и финасиски многу поголем бидејќи станува збор за поголем број објекти меѓу кои возобновување на Св Климентовиот универзитет, Св Климентова библиотека, музејски дел, факултет за боголсовие, седиште на охридскиот епископ и уште неколку други поголеми објекти.

6. Владата финасираше изработка на документарни филмови и тоа еден за Св. Климент, друг за Св. Наум и еден за Св. Кирил и Методиј. Се вршеа подготовки и за една телевизиска серија за Св. Климент и Наум во соработка со една Чешка продукција специјализирана за снимање средновековни играни телевизиски серии која веќе имаше направено таква серија за Св. Кирил и Методиј, но за жал почетокот на политичката криза во 2015 година не дефокусира и не се реализираше тој проект.

7. Се финасираше изградба на споменик на Св. Климент кај Соборниот Храм во Скопје кој го носи името на Св. Климент Охридски.

8. Се финасираше изградба на споменик на Св. Наум во Охрид, на самиот плоштад.

9. Се финасираше изградба на заеднички споменик на Св Климент и Наум кај камениот мост од страна на плоштадот Филип Втори.

10. Се финасираше изградба на заеднички споменик на Св Кирил и Методиј кај камениот мост од страната на плоштадот Филип Втори.

11. Еден од централните булевари во главниот град Скопје, булеварот кој минува кај Рамстор и централата на Тутунска банка во Скопје беше преименуван и наречен свети Кирил и Методиј.

12. Се вложија 2,5 милиони евра и се изгради спортска сала за 1100 гледачи која го носи името на Св. Кирил и Методиј во комплексот на универзитетскиот кампус на истоимениот универзитет.

13. Уште неколку спортски сали и мултифункционални игралишта ширум Македонија од мноштвото кои ги изградивме ги носат имињата на словенските просветители.

14. Владата финасираше пишување и издавање на мноштво книги, истражувања, организирање научни конференции, изработка на монографии, енциклопедии, трудови и други дела поврзани со Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски како и Св Кирил и Методиј.

15. Огромни археолошки ископувања се направени не само во Охрид туку и ширум Македонија на локалитети поврзани со словенската писменост и култура, како никогаш претходно и потоа. Ископани се вредно археолошки предмети од овој период кои стануваат трајно богаство на државата и аргумент во дебатите поврзани со историјата.

Тука ќе запрам. Има и уште многу други проекти, но и набројувањето само на овие е доволно, бидејќи нема период кој приближно може да се спореди со овој.

Ќе напоменам само дека учебниците по историја во училиштата во периодот 2006-2017 не се променија, што за мене е пропуст бидејќи има многу слабости и “празни дупки “, но е најдобар доказ за сите оние кои јавно и секојдневно ла жат дека сме ја смениле и избришале дел од историјата.

И уште еднаш ќе кажам дека владата која ја предводев во која доминираше, односно најголем партиципиент беше ВМРО-ДПМНЕ направи најмногу за афирмацијата на словенските просветители, јазик и култура споредено со која било друга влада во историјата на Макеоднија.

Со денешната влада несакам ни да се споредуваме, бидејќи нема со што да се споредуваме. Што направија тие?

Но, факт кој некои несакаа да го прифатат е дека ние ја афирмиравме историјата на макеоднскиот простор од дамнина па до современата историја.

Целата историја на сите наши предци, а не селективно одредени делови. Тоа е болната точка која многумина ги добиле и заради кои започна организирана негативна пропаганда кон нас дека сме се откажале од словенската историја, јазик и култура на сметка на други селективно одбрани периоди и слични глупости.

Нека е за многу години празникот на светителот Климент. Нека вечно се слави во слободна и суверена Македонија!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.