Артан Груби првиот вицепремиер Артан Груби заедно со дел од државниот врв денеска присуствуваше на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната анти-тер ористичка единица „Тигар“ во касарната Илинден.
Реакција кај јавноста предизвика моментот кога владината деклегација положуваше цвеќе и се поклони пред споменикот на загинатите “Тигри”, а исклучок беше вицепремиерот Артан Груби кој остана исправен и не се поклони.
-Тенденциозни се известувањата. Да не сакав да оддадам почит немаше да прифатам да бидам дел од делегацијата. Тука сум затоа што е време за помирување кога веќе одбележуваме 20 години од конфликтот и од Охридскиот рамковен договор, изјави Груби.