Пред некој ден во емисијата „Срце на дланка“ се емитуваше епизода преку која македонската јавност дозна за животната приказна на младиот Медијан Веселовиќ од Хиподром.
Станува збор за 26-годишно момче кое на една ипол година е оставено во дом, а потоа посвоено во згрижувачлко семејство од страна на Драгица со која ќе се засакаат како вистински мајка и син.
Но, за жа л со текот на годините здравјето на Драгица се вло шува и на крај таа го остава сам во станот кој му го препишала нему. Драгица го напушта овој свет пред три години, а оттогаш почнуваат и ма ките на Медијан.
Иако ги има сите законски документи, биолошката ќерка на Драгица не дозволува да живее во него, дури и му се закану ва, а самиот Мето без поддршка живее многу тешко.
Толку години живее и без струја, во зима вели тој, едвај преживува. Нема каде да го наполни телефонот, нема како да одржува хигиена, нема начин како да живее.
Останал без работа затоа што фирмата отишла под стечај и буквално нема за леб. Но, затоа постојат емисиите како „Срце на дланка“ кои повторно докажуваат дека во Македонија има хумани луѓе спремни да помогнат.
Овојпат, помошта пристигна од првиот човек на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски, кој уште при најавата на емисијата се обрати на Фејсбук и напиша дека ќе стори се за да му помогне на Мето, а ветеното го исполни.
„Младиот Медијан од утре ќе биде вработен во ЈКП Гази Баба! Денес во просториите на општина Гази Баба имав средба со младиот Мете од Хиподром. За жа л животот неколку пати си поиграл со него и во моментов тој се соочува со неколку проблеми.
Онака како што ветив по најавата на емисијата “Срце на дланка” пред се како човек, а потоа и како градоначалник на општина Гази Баба му подавам рака на Медијан за заедно да се избо риме тој да има подобри услови за живот.
За таа цел договоривме веќе од утре Медијан да започне со работа во ЈКП Гази Баба, а по однос на правниот спо р кој го има ќе му обезбедам адвокат чии трошоци ќе бидат регулирани од моја страна.
Дополнително му обезбедивме намирници за храна за следните денови. Хуманоста е наша должност и обврска. Медијан е младо и талентирано момче кое ја заслужува нашата помош.
Од денес Мете во мене има пријател и сојузн ик во неговата борба и верувам дека заедно ќе се избориме за подобро утре! Им благодарам од срце на Никола, Виктор, Даниел, Сашо и сите останати жители на Хиподром кои дадоа силна поддршка на Медијан!“, напиша градоначалникот.