Љупче и неговиот син Андреј од Штип живеат под кирија е дота актуелна тема деновиве.
Во собата помала од дваесетина метри квадратни им се одвива целиот живот. Овде готви, се хранат и спијат, а благодарение на хуманите луѓе кои донирале креветче вечер за прв пат нема да го дели тесниот кревет со син му.
Скромниот татко, не сака ништо, освен неговиот син да има детство поубаво од неговото, бидејќи и самиот тој како и едноипол годишниот Андреј бил напуштен од неговата мајка.
Откако во емисијата „Срце на дланка„ беше објави приказна за 23годишниот самохран родител Љупче Смилев од Штип, кој место млеко синот го храни со шеќер и вода , надлежните решија да му помогнат. Смилев тврди дека сега сами му се јавиле да ги подготви документи за да добие социјален стан…
„Откако излегов на вашиот медиум во емисијата „Срце на дланка“, потоа за многу кратко време ми се јавија самите тие. Ми рекоа дојди Љупче, да ти помогнеме, ќе ти излеземе во пресрет. Претходно сум ги молел, сум барал помош но никој не ми помогнал“ – изјави Љупче Симев
Сторијата за Смилев на нозе ја крена целата јавност. Деновиве од целата држава пристигнува помош. Задоволен е бидејќи за прв пат фрижидерот му е полн и не мисли со што наредниот ден ќе го нахрани своето едноипол годишно детенце Андреј. Сега му е потребна работа, за да не чека милостина од луѓето.
„Моментално ми е потребна работа и детето да почнам да го носам во градинка за да можам да работам. Татко ми работи како надничар и не може секогаш да ми излегува во пресрет„- изјави Смилев.
Првиот човек на Општина Штип, градоначалникот Сашко Николов сподели убава вест на својот профил на фејсбук каде напиша:
Љупче од понеделник почнува со работа, а детето во градинка.Приказната за Љупче длабоко ме потресе и затоа како општина веднаш реагиравме. Сакам да соопштам дека Љупче Смилев го вработивме и од понеделник започнува со работа, а неговиот син во градинка.
Денес го проверивме и вакциналниот статус на детето и вакцината која беше испуштена ја прими. Штип и штипјани уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
Благодарност до Центарот за социјални работи и секако благодарност до Црвениот крст.Со почит,Градоначалник, Д-р Сашко Николов.