Готви, копа, бере овошје и зеленчук, помага во хуманитарни акции – новата кандидатка за претседател на СДСМ

  • By admin
  • декември 1, 2021
  • 0
  • 482 Views

Екс министерката Фросина Ременски денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

„На оваа одлука се одлучив имајќи го во предвид целокупниот мој општествено политички и партиски активизам во денови и време кога СДСМ беше соочен со тешка опозициска состојба, кога носеше сериозни државотворни одлуки и кога се боревме да го задржиме единството во партијата.

Денеска предавањето на мојата кандидатура има и еден друг симболизам. Кандидатурата ја предавам во 16-те дена женски активизам“ истакна Ременски.

Таа вели дека ја очекува поддршката од своите колешки во партијата.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Често објавува како приготвуа специјалитети и зимници, а во слободно време е вклучена и во хуманитарни акции. Па така беше и неодмана:

Ден посветен за нашите сограѓани од Шуто Оризари. Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари готвиме со вредните ентузијасти и домаќинки за 300 семејства на кои им е потребна храна.

Ременски потоа во нова објава поопширно објасни за што станува збор:

Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.

Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.

Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари со песна готвевме заедно со тетка Перјан, Сафија и Неврија.Подготвивме и спакувавме 320 оброци и по парче торта за мојот 44 роденден.

Пред народната кујна не пречекаа повеќе од 300 жители на Шуто Оризари. Редот пред дистрибуцијата ја правеа Марсел и Селдат, а храната ја дистрибуиравме со Анет, Фадиљ, Ружди, Ќамуран и Шенго. За фото беше одговорен Фуат.

Баба-Анеткината јаболка на Ременските ниви во с.Ратево, стара повеќе од 100 години даде род и за гледање и род за јадење. Таа убавина, недопрената природа и јаболките се извор на ЖИВОТ и ЛЕК за секоја лоша мисла или болест кај вредни луѓе полни со ВЕРБА и ЉУБОВ.

Кога се прашував што да подготвам од овој ИЗВОР НА ЗДРАВЈЕ и ЉУБОВ, сесетив дека мора тоа да биде нешто како производ од ПЧЕЛА, зошто само пчелата ги обединува ЉУБОВТА, ТРУДОТ и ЗДРАВЈЕТО во МЕД.

Успеав со многу труд (копмлицираната постапка) да подготвам МОЈ ДЕЛИКАТЕС кој го нареков: АНЕТКИН ЈАБОЛКОВ МЕД.

Додека ја спремав „технологијата“ прочитав дека, такво нешто (јаболков мед) постои на некои балкански пазари, но заради реткоста на деликатесот и бараноста како лек е многу редок и скап во својата изворна форма. Го наредуваат СЛАТКА ИНФУЗИЈА или ИМУНО ПЕКМЕЗ (џем што не е џем).

Има многу здравствени придобивки, меѓу кои (од тоа што кратко прочитав):

Го јакне имунолошкиот систем – извор на витамин Ц, други витамини и минерали;

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.