Горан: Одам по еден километар за да дојдам до вода, a и кога работам не ми плаќаат

  • By klaster2
  • април 16, 2022
  • 0
  • 575 Views

Не секој ја има таа среќа да израснат во хармонија и среќа, често судбината знае да да си поигра со луѓето и да ги доведе до степен на непрепознатливост.

Сличната таква судбина живеат таткото Гроздан и синот Горан од планинското село Лјуша, близу Куршумлија. Нивната приказна се вика ,,преживување”

Тие живеат без основни услови за живот, без вода и струја. Овие луѓе немаат никакви примања. Па затоа им се изгасени струјата односно водата.

– Јас цел живот го поминав тука. Имаше многу луѓе во селото, но сега сме само јас и татко ми кој е пак во болница и не е во најдобра состојба.

– Одам во соседното село каде нешто работам но и таму е сиромаштија па неможат да ме платат и ми даваат ориз, компири и слично.

– Сега треба да одам да го земам татко ми од болница но немам пари за да го платам лекувањето, но од каде, вели разо чарано Горан пред хуманитарецот Дејан кој дојде да го посети.

– Овде нема никакви услови, за да земам вода која што ја користам и за пиење и за потреби, пешачам по 1 километар, вели Горан.

– Погледнето во што живеат луѓето во 21. век во какви руинирани куќи како што биле пред 100 години така и останале, вели во своето обраќање хуманитарецто Дејан Марковиќ.

– За готвење не смеам ни да помислам, имам само компири па нешто ќе искомбинирам, но се се сведува на обичен леб, додава Горан.

– До кога ќе терам вака ни самиот не знам, немаме никакви примања иако татко ми беше во првите линии кога беше најпотребно за државата, заклучува Горан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.