Горан: Едвај чекам да ми излезе бугарскиот, па да му ја киднам одовде, не ја поднесувам Македонија

  • By klaster3
  • мај 10, 2022
  • 0
  • 634 Views

Согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, Државниот завода за статистика објави дека во вкупното попишано население има 19 645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство.

Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско. Во последните три години нагло се зголемува бројот на Македонци кои станале бугарски државјани.

За последните 15 години, бројот на Македонци со бугарски пасош е 86.566 лица, што е повеќе од половина од сите што добиле бугарско државјанство – 162.865 лица.

Се уште има и такви чиишто барања се во постапка и очекуваат да добијат бугарски документи. Најголем дел од нив тоа го прават од финансиски аспект, односно за работа во странство.

Еден од нив е и младиот 31 годишен Горан кој до редакцијата на Кластер.мк испрати писмо во кое го изразува својот исклучителен ре волт спрема татковината, но и неговите планови за иднината.

„Знам дека сум млад и голем дел од постарите ќе ме на паднат дека не си ја сакам татковината и дека такви како мене и не заслужуваат да живеат тука, но јас навистина не можам.

Завршив факултет, се изна мачив дури добијам диплома и на крај ништо не ми се исплати. Можеби не се трудев многу, ама поверојатно е тоа што немам јаки врски за да успеам.

Чекав државна работа и откако видов дека е тешко да ја добијам веќе 5 години работам во фабрика за делови. Знаете, од 7 до 3 секој ден, прва, втора, трета смена – само тие што работат знаат како е.

Со тие бе дни 20 илјади што ги земам не можам да се издржувам сам, да реновирам нешто дома, а камоли да мислам да се оженам. Баш поради тоа што немам девојка полесно ќе ми биде да заминам од оваа како што милувам да кажам „банана“ држава.

Не се правете наивни пред очигледната ситуација. Колку мои колеги, пријатели, школски другари заминаа по западот и не се вратија? Не сакам да останам во државава со уназадени, ограничени умови кои живеат само од корист.

Да седам тука со пензионерите кои за разлика од нас младите уживаат повеќе удобности и се им е добро. Важно е само пензијата да легне секој месец. Е не сакам таков живот.

Неколку пати досега аплицирав за бугарски документи и ме одбија, но не се откажав. Едвај чекам да го дочекам денот кога да ми излезе бугарскиот, па да киднам одовде, не ја поднесувам Македонија.

Озборување, жовеење од корист, не совесни луѓе, кору пција, немам некоја добра особина која би ја издвоил како карактеристика за нашава земја и народот воопшто. Жа л ми е за моите родители само кои едвај не израснаа со сестра ми.

Немам конкретен план каде би заминал, најверојатно ќе биде Германија или Швајцарија, еднаш да отидам таму и да видам бел ден. Ќе работам колку треба ама нема да се замарам со небитни работи како тука“.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде преземан без дозвола од Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.