Голем број откажани летови од Македонија само месецов – позната бројката

  • By admin
  • јули 28, 2022
  • 0
  • 342 Views

Како што е познато голем број летови ширум Европа, но и Светот беа или ќе се откажат од неколку различни причини, а ниту Македонија не ја одмина овој тренер.

Како што е познато веќе од претходно најголемиот авиопревозник од и до нашата држава „Визер“ претходно информираше дека откажала или редуцирала летови од двата наши аеродроми.

Поради летните одмори обемот на патници периодов е зголемен, но притоа летовите се намалени.

Од „Тав Македонија“ велат дека во текот на месец јули се откажани 37 летови на 2-та аеродроми во земјава, во Скопје и Охрид. Според компанијата, причините за откажувањата биле главно оперативни или поради временските услови.

“И покрај тоа што се случува авиокомпаниите да откажат летови на двата македонски аеродроми, не би можеле да кажеме дека тоа е поради една генерална причина.

Како аеродромски оператор ние ги добиваме информациите од авиокомпаниите како што тие одлучуваат за доцнењата или откажувањата на летовите, а истите се случуваат или поради оперативни причини или пак поради временски услови.

Она што е важно е дека двата аеродрома немаат проблеми со капацитетите што би можеле да преди звикаат доцнења или откажувања на летови. Ние немаме добиено жалби од патници во врска со доцнења на летови.

Обично, патниците ги упатуваат ваквите жал би до авиокомпанијата од која тие ги купиле авионските карти”, наведуваат од ТАВ Македонија за Алсат М.

Во периодот од 1 јули до 25 јули на Меѓународниот аеродром Скопје се реализирани вкупно 1.572 летови. На охридскиот аеродром во истиот временски период се реализирани вкупно 100 летови.

Над 120.000 патници пристигнаа на скопскиот аеродром во јули, а над 85.000 заминаа. На охридскиот аеродром пристигнаа над 18.000 патници, а заминаа над 9.500 патници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.