Голема чест за македонската пејачка – утре ќе пее со Цеца

  • By admin
  • јули 31, 2022
  • 0
  • 447 Views

Светлана Ражнатовиќ или во јавноста позната како Цеца е можеби една од најпознатите вокали на балканскиот простор и пошироко и каде и да настапува ги полни арените ширум светот.

Неодамна според истражување кое е направено, српската фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ постигна успех со кој ги надмина и светски познатите пејачки Мадона и Лејди Гага.

Станува збор за рангирање на најпосетени концерти во светот, а на оваа листа, Цеца го завзема третото место во светски рамки.

Место над Цеца има Тина Тарнер, а додека под неа, на второто место е Мадона.Лејди Гага го завзема осмото место на оваа ранг листа, со концерт од околу 80 000 посетители.

Овој успех на Цеца се должи на концертот на пејачката на Ушче, во 2013 година, кој го посетија над 150 000 луѓе.

Една од најпознатите балкански пејачки периодов е доста зафатена со настапи и концерти, а како и нема кога едноставно публиката си ја сака.

На почетокот на летото по подолга пауза поради добро познатите причини Цеца имаше концерт во Пробиштип на стадионот кој вечно ќе го памети, нешто што и самата го потврди.

Имено причината е тоа што за првпат со нејзе настапи и нејзината ќерка Анастаија која исто така е пејачка.

Цеца утре повторно ќе пее во нашата држава, поточно ќе има настап во Охрди, но овојпат сцената ќе ја дели со една наша македонска пејачка.

Станува збор за младата и амбициозна пејачка Лина Пејовска која полека но сигурно цврсто граби на сцената.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.