Локдаунот поради вирусот во Германија, кој од ноември, ќе биде продолжен за уште четири недели, односно до 18 април. Ваква одлука донесоа канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те сојузни покраини.
Периодот е посебен – ги вклучува и велигденските празници на почетокот на април. Покрај религиозното значење што празникот го има за христијаните, Велигден е класично време за патување и посета на семејства во Германија. Но, сега Германците се повикани, што е можно повеќе да се откажат од тоа.
„Имаме нова пандемија“, рече Ангела Меркел на прес-конференција нешто по 3 часот изутрината, по 12-часовниот самит со покраинските премиери. „Мутациите надвладеаја.
Тие се многу посмртоносни и многу позаразни. Претходниот успех беше изеден“, пластично објасни канцеларката. Сега мора да се спречи голем раст на инфекциите, бидејќи така се зголемува веројатноста да се формираат нови мутации. Подолго е и потешко отколку што мислевме“, изјави Меркел.
Од први до петти април во Германија ќе важи строго ограничување на контакти и забрана за собирања на јавни места. Велики четврток и саботата за католичкиот Велигден се дефинирани како „денови за одмор“. Ќе останат отворени бензинските пумпи и некои „одредени“ компании ќе можат да работат, рече канцеларката Ангела Меркел.
Приватни средби се дозволени – со најмногу 5 лица од две домаќинства. Не се сметаат децата до 14 години, а двојките (невенчани) се сметаат како едно домаќинство. Што се однесува до продавниците, ќе важат слични правила како во недела и на празник. Во четврток, 1 април, сѐ ќе биде затворено. „Во сабота (3.4.) ќе бидат отворени само супермаркетите, односно продавниците со храна.“
Што се однесува до верските обреди, договорено е сојузната и покраинските влади да се обратат до верските заедници со молба „велигденските миси и останатите верски случувања да не се одржуваат во црквите. Христијаните да го слават Велигден по видео-пат, Евреите да не ја слават Пасха во синагогите, муслиманите да не одат во џамија на молитва во петок“.
Нема гаранција дека по Велигден (6.4.) овој строг локдаун ќе биде укинат. „Ќе бидат можни ублажувања на мерките ако бидат исполнети критериумите за отворање според одлуката од 3. март 2021“.
Тоа значи дека предуслов за отворање се ниски стапки на инфекции. А тоа, е малку веројатно. Фирмите ќе треба да обезбедат да се намалат контактите што е можно повеќе. Ако тоа не е возможно, треба да понудат тестови за вработените.
Во заклучоците се зборува за „доброволна посветеност на земјоделските здруженија за понуда на тестови за вработените, како и примена на уредбата за заштита на работно место од САРС-КоВ-2“.
Треба да се понудат тестови најмалку еднаш неделно. Освен тоа, би требало и натаму да има финансиска помош, меѓутоа, не се наведени сите детали.
Во одлуката за училиштата и градинките е нагласено дека ќе има повеќе тестови за вработените и оти цел е што поскоро да се понудат по два теста неделно.
Целата сторија проследете ја на Дојче Веле на македонски јазик.