Германските власти канат работници од странство: За таа цел ја зголемија и саатницата

  • By admin
  • јануари 21, 2022
  • 0
  • 362 Views

Германија во последните години се повеќе има недостигна на работници иако голем број луѓе од целиот свет се селат таму.

Имено коалициска влада на Германија сака да привлекува 400.000 квалификувани работници од странство секоја година за да ги реши демографските нерамнотежи и недостигот на работна сила во клучните сектори кои ризикуваат да го поткопаат закрепнувањето од пандемијата на коронавирусот.

„Недостигот од квалификувани работници стана толку сериозен во моментот што драматично ја забавува нашата економија“, изјави Кристијан Дур, парламентарен лидер на Слободните демократи.

„Проблемот со стареењето на работната си ла можеме да го ставиме под контрола со модерна имиграциска политика. Треба што поскоро да ја достигнеме границата од 400.000 квалификувани работници од странство“, додаде Дур.

Канцеларот Олаф Шолц од Социјалдемократите, Слободните Демократи од Дур и Зелените се согласија во коалицискиот договор за мерки како што е систем за бодови за професионалци кои не се членки на ЕУ и зголемување на минималната плата во земјата на 12 евра на час за да се направи Германија поатрактивна дестинација.

Германскиот економски институт проценува дека работната сила ќе се намали за повеќе од 300.000 во оваа година, бидејќи има многу постари работници кои ќе се пензионираат од младите кои влегуваат на пазарот на трудот.

Овој јаз се очекува да се зголеми на повеќе од 650.000 до 2029-та година, оставајќи акумулиран недостиг на работоспособни луѓе во 2030-та година од околу 5 милиони.

Бројот на вработени Германци минатата година се искачи на речиси 45 милиони и покрај пандемијата со коронавирусот.

По децении бавен наталитет и нерамномерна миграција, намалената работна сила е и демографска темпи рана бмба за германскиот јавен пензиски систем.

Во него, помалку работници имаат задача да ги финансираат пензиите на се поголем број пензионери кои уживаат подолг животен век.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.