Германија ги менува мерките – познато од кога ќе започнат да важат

  • By admin
  • март 9, 2022
  • 0
  • 290 Views

Како што е познато германските власти донесоа одлука за бришење на сите држави од листата на високори зични, кога станува збор за епидемијата на коронавирусот.

Со ширењето на сојот омикрон коронавирусот покажа дека е намалена неговата способност да предизвикува потешки форми на болеста, поради што како региони со висок епидемиолошки ри зик се сметаат оние каде се шират поопасните соеви, се наведува во образложението на таквата одлука.

Шеесет и две држави и региони ќе бидат избришани од германската листа високор изични.

Сојузните власти и покраините на последниот „корона самит“ одржан минатиот месец усогласија измени во правилата за впишување на држави и регони на листата високо ризични.

Измените значат олеснување на патувањата и за Германците оттаму што се укинува мерката задолжителен карантин по враќањето.

Германија на 20 март ќе ги укине речиси сите епидемиолошки мерки и ќе се префрли на правилото „хот спот“, што ќе им даде можност на покраините да дејствуваат во случај на потреба, според договорот постигнат меѓу министерот за правда Марко Бушман и министерот за здравство Карл Лаутербах.

„Мислам дека постигнавме добар компромис кој се потпира на два столба. Речиси и да нема ограничувања во секојдневниот живот на граѓаните“, изјави Бушман за ЗДФ.

Лаутербах рече дека исклучок се маските и тестовите каде што има голем број членови на ризични групи, односно во домови за стари лица и болници.

Исто така, обврската за носење маски може да остане во јавниот превоз. -„Се разбира, не е планирано да се отвори се“, додаде тој.

Како што е познато во оваа држава, поточно во Германија живет и работат голем број Македонци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.