Германија ги засилува критериумите за влез во земјата

  • By klaster2
  • октомври 17, 2022
  • 0
  • 345 Views

Зголемениот проток на ми гранти кон Европа е очигледен и тоа ме загрижува, вели Фесер по состанокот со германските федерални и градски лидери на кој се разговараше за активностите против иле галната миграција, пренесува Ројтерс.

Фезер истакна дека Австрија и Чешка ќе ја зајакнат и контролата на преминувањето на луѓето преку нивните граници со Словачка.

Германскиот министер ја критикуваше визната политика на Србија, оценувајќи дека бесплатниот визен режим со земји како Индија и Тунис придонесува за миграција по западнобалканската рута.

Минатата недела Унгарија, Србија и Австрија усвоија нови мерки за намалување на протокот на илегални мигранти во ЕУ преку Западен Балкан.

Западен Балкан остана главната рута за преминување на ми грантите кон ЕУ, објави минатиот месец граничната агенција Фронтекс, кога протокот на мигранти се зголеми за 141 отсто во однос на август и изнесуваше 15.900.

Германија ќе ја засили граничната контрола на премините со Австрија за шест месеци, почнувајќи од ноември, поради неодамнешното зголемување на бројот на ми гранти кои доаѓаат преку Западен Балкан, децидна беше германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.

Инаку денес се произнесе и минстерот за здраство на оваа држава кој даде нова препорака. Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах ги повика 16-те држави во земјата да се вратат на обврската за носење маски во затворени простории, поради зголемениот број на нови случаеви на ви русот.

 

Изјавата на Лаутербах следува по синоќешните слични забелешки од страна на шефицата на здружението на лекари Марбургер Бунд.

– Државите мора да одговорат секаде каде бројот на случаи нагло се зголемува, со обврска за носење ФФП2 маски во јавниот превоз и во јавни затворени простории, нагласи таа.

Здравствените власти во Европа вчера соопштија дека гледаат индикатори кои укажуваат на нов бран на ви русот кој веќе трета година е присутен.

„ Иако не сме онаму каде што бевме пред една година, јасно е дека па ндемијата на Ко вид-19 сè уште не е завршена“, се вели во заедничкото соопштение на Стела Киријакидес, европската комесарка за здравство и безбедност на храна, д-р Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и на д-р Андреа Амон, директорка на Европскиот центар за превенција и контрола на болести

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.