Гавазова проговори зошто не можела да живее во Шведска и зошто се врати во Македонија

  • By admin
  • мај 27, 2021
  • 0
  • 13202 Views

Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Нема сомнеж дека фолк пејачката Сузана Гавазова е една од најомилените домашни пејачки на народна музика.

Сузана Гавазова важи за една од најпоуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Сузана има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи во време кога естрадните уметници немаат настапи поради корона пандемијата.

Кога ќе се спомене Сузе, како што е позната за јавноста Сузана Гавазова, буди позитивни реакции кај јавноста и нејзините фанови.

Како што е познато, фолк пејачката Сузана Гавазова по шест години живот во Шведска, се врати во Македонија. Со сопругот Јасмин и со ќеркичките и ја продолжи својата кариера на домашен терен.

Струмичанката тогаш ја изненади јавноста кога кажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

По неколку години откако се врати во родната татковина, таа реши да проговори за причините за тоа:

-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна.

Ја сакам и Шведска затоа што моите ќеркички се родија во Шведска. Не дека Шведска е лоша земја за живеење, но мене лично и на моите ќеркички ни сметаше ладната клима и студениот ветер… а потоа почна да му смета и на Јасмин, вели Гавазова во интервју за Фокус и продолжува:

Секогаш кога ќе си дојдевме во Македонија не сакавме да се враќаме назад, и така еден ден решивме да си останеме во Македонија. Македонија си ја опишавме како ,,Земјата на сонцето” а сонцето дава убава и позитивна енергија и овде сме пресреќни.

Јас сум по потекло од Егејска Македонија, поточно од село Едзилари, Кукуш, и најверојатно ме влечат корените натаму. Дојран е близу Кукуш и има Медитеранска клима што многу ни одговара и преубаво се чувствуваме таму, ни се допаѓа и храната, а и луѓето се многу пријатни и топли.

Мојот сопруг во Македонија се чувствува исто како дома, има многу пријатели, соработници. Тој почна и бизнис во Македонија и е голем позитивец дека Македонија има потенцијал да просперира и да напредува.

Македонците се многу топол народ и веднаш го прифатија како свој, тоа се случува секогаш кога некој е добар човек.

Целото интервју може да го проследите на Фокус.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.