Се ближи летната сезона, а сопствениците на недвижности на море веќе почнаа полека да се подготвуваат за истата и да бараат работници.
Тоа го докажува необичниот оглас за вработување кој се појави на хрватската платформа за вработување која предизвика низа воодушевување.
На платформата за работа ,,ПикЏобс” беше објавен оглас за вработување кој за кратко време привлече големо внимание.
Имено, фирмата Вила Габриела вработува две лица кои ќе ја тестираат содржината на вилата како подготовка за претстојната летна сезона.
Рекламата беше насловена: „Тестери на содржина во луксузна вила“. Работно место е Корчула, Хрватска, а работата би се работела седум дена.
Не е наведено дека можат да аплицираат само хрватски државјани, па шанса да се вработат имаат сите кои се заинтересирани да ја тестираат следната содржина:
Кајаци, велосипеди, скутери, пинг-понг, фудбал на маса, теретана, билијард, конзоли за игир, ватерполо, лулашки, лежалки и услуга.
Покрај наведените капацитети, работата опфаќа и проверка на чистотата на вилата, тестирање на комплетната функционалност на кујната .
Во ова барање ги вклучува тестирањањта на сите апарати, соби, како што се и душеците, клима уредите, плакарите, бањите и слично.
Исто така, како што е наведено во огласот за вработување, се контролира уредноста на плажата, ја оценува домаќинот (лицето што ги прима гостите)..
Се очекува идните вработени да работат по 8 часа на ден. Тие ќе бидат сместени во споменатата вила која за гостите во претсезона се наплаќа по 700 евра дневно, а за наведениот период на работа би заработиле 4.900 евра, се вели во соопштението.
Од нив се очекува да предложат што би го направило престојот во луксузна вила уште подобар, а дополнително се обврзани секојдневно да прават краток видео дневник.
Идеални кандидати се, како што се наведува, луѓе во добра форма, спортски дух, комуникативни, инспиративни и луѓе што знаат да фотографираат и снимаат.