Ништо не не чуди кога станува збор за Македонија, особено за образовнието и функционирањето во нашата земја и за низата неправид.
Една интересна приказна доаѓа од а Емилија Стојменова Дух, млада виничанка, која денес е министерка за дигитализација во Словенија.
Но, оваа приказна е сра мна и тажна за Македонија и само уште еднаш ја покажува заостанатоста и назадувањето на овој наш систем,
Затоа што овој систем, оваа држава буквално ги трга понастрана или со едно збор ги б рка своите генијални умови од државата и им ги дава на тацна на земјите каде знаат да ценат квалитет.
Емилија Стојменова родена е во Виница, во 1985 година. По завршување на вторa година во Природно-математичката гимназија во Виница се сели во Марибор, Словенија.
Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија добива стипендија за програмата меѓународна матура во Втората гимназија во Марибор каде го завршува средното образование.
Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор и ги завршува како најдобар студент на генерацијата.
Докторира со просек 10.00. Сега е вонреден професор на Електро техничкиот факултет во Љубљана. А денес е министерка за дигитализација во Словенија во Владата на Роберт Голоб.
Инаку, таа е основач а воедно и директор на мрежата Фаблаб Словенија, а е и директор на Дигиатл Иновејшн Хубс во Словенија.
Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент.
Таа ја претставува Словенија во мултирегионалниот проект Хиденмор на Стејт департментот на САД, кој избра меѓу 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.
-Кога завршив гимназија, сакав да студирам во Македонија моето семејство беше во многу тешка економска ситуација, но тука мене ми побараа 800 евра за да студирам во земјава под образложение дека не сум Македонка.
Јас бев и се уште сум Македонка, вели Емилија Стојменова Ду х, министерка за дигитализација на Р. Словенија во емисијата Студио 10 на ТВ24.