Во Германија 100.000 вработени ќе добијат по 6000 евра бонус со февруарската плата

  • By admin
  • декември 15, 2021
  • 0
  • 710 Views

Во Германија се селат многумина луѓе во потрага по подобра заработка и подобар живот, вклучувајќи ги и многуте Македонци.

Дека во оваа држава знае и се цени и вреднува трудот на работникот, показател е последниот пример.

Даимлер АГ и Мерцедес Бензз АГ им се заблагодарија на вработените за успешната деловна година, со рекодна висина на исплатената премија

Преку висината на уделот на вработените за успешното делување на компанијата, Даимлер АГ и Мерцедес Бензз АГ им укажуваат на своите вработени дека го признаваат нивниот труд.

Па така премијата достигна рекордна висина, до 6.000 евра.

Даимлер АГ и Мерцедес Бензз АГ преку рекордна висина на премијата им заблагодарија на своите вработени за успешната деловна 2021 година.

Менаџментот и работничкиот совет заеднички решија на вработените што имаат право на премија за успешно работење да им се исплатат до 6.000 евра.

Тоа е голем успех во годината што беше одбележана од корона и од отежнати општи услови на делување, главно недостиг од полупроводници и материјали.

Премијата за успешно работење ќе им биде исплатена со февруарската плата на околу 100.000 вработени со приватен договор за работа во Германија.

Ергун Лумали, претседател на работничкиот совет на февруарската плата:

„Тоа е вистинскиот сигнал до вработените по уште една тур булентна година со корона, кр иза со полупроводници и скусено работно време како последица од тоа, како и редовна работа од домашна канцеларија за многумина.

Нашите колешки и колеги се клучни за успехот на компанијата. Затоа е праведно, нивниот труд да се награди со исклучително висока премија за успешно работење.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.