Секојдневно читаме за зголемување на цените, како и недостиг од енергија ширум светот, па така и во Германија, една од водечките светски лидери.
Германија како што е познато е дом и на многубројни Македонци кои што таму живеа и работат. Но според последните показатели и таму не е се сјајно.
Главната организација на германските штедилници и банки ДСГВ соопшти дека 60 отсто од домаќинствата во земјата мора да ја потрошат целата својата месечна заработка на трошоците за животот.
Таквата ситуација доведува до тоа дека луѓето помалку трошат на угостителството, туризмот, купувањето и другите услуги, предупредија од ДСГВ во вторникот.
Претседателот на ова здружение, Халмут Шлевејс дополнително предупреди дека компаниите се соочени со егзистенцијалните зак ани поради растечките трошоци за енергијата. Здружението повикува на ограничување на цените на струјата и гасот.
Здружението, исто така, ги повикува компаниите својот капитал да го вложуваат во обновливите извори на енергија и да гарантираат долгорочно снабдување со енергија.
Истовремено Германското здружение на енергетските и водните индустрии ја повика владата во Берлин да им помогне на средните претпријатија и комуналните компании на коишто им се заканува опасноста да бидат преплавени со сметки за енергија.
„Владината поддршка за ублажување на ударите од кри зата предизвикана од цените на енергијата досега главно беше насочена на приватните домаќинства.
Сега владата мора да се насочи и на средно-големите претпријатија, како и на комуналните претпријатија“, изјави претседателката на здружението Мари-Луиз Волф.