Бундесрат, Горниот дом на германскиот Парламент денеска ги усвои измените на законот за бо рба против коронавирусот, што ќе им овозможи на сојузните држави да воведат дополнителни мерки во согласност со епидемиолошката ситуација, додека Институтот Роберт Кох повика да се работи од дома и да не се излегува непотребно за да се спречат понатамошни ширење на инфекцијата.
„Цела Германија е едно големо жар иште на нагло изб ивање на зараза. Ова е вон редна состојба на национално ниво. Мораме да ја повлечеме сопирачката во итен случај“, рече денеска Лотар Вилер, директорот на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.
Министерот за здравство во техничката влада Јенс Шпан и Лотар Вилер на заедничка прес-конференција ги повикаа граѓаните да ги сведат контактите на минимум и да останат дома, пренесува Хина.
Директорот на Институтот Роберт Кох побара итна реакција од покраинските и федералните власти и воведување дополнителни мерки.
„Местата на нагло ширење на инфекцијата, како што се кафулињата и баровите, мора да бидат затворени. Истото важи и за настаните со повеќе луѓе “, рече Вилер.
Шпан потенцираше дека стапката на вакцинација се зголемува, но дека само тоа нема да биде доволно за да се ублажи четвртиот пандемски бран.
– Само вакцинацијата нема да биде доволна за да се прекине бранот. Треба итно да воведеме дополнителни мерки, рече Шпан.
Бундесратот денеска ги прифати измените на законот за бо рба против зарази донесени еден ден претходно во Бундестагот.
Според тој закон, од следната среда ќе се воведе правило според кое пристап до работното место, но и до јавниот превоз имаат само лицата кои се вакцинирани, прележале или имаат негативен тест.
Мерките содржани во промената на законот опфаќаат враќање на работа од дома каде што е можно, како и обврска за секојдневно тестирање за вработените во здравствените установи и домовите за стари лица.
Мерките како општо ограничување на контактите и движењето во моментов не се предвидени во овој закон. Но, на сојузните покраини им останува да одлучат дали ќе воведат дополнителни мерки согласно епидемиолошката состојба.